Со императив да се одбрани деветтото место освоено пред две години во Полска, но и со надеж дека може да се постигне уште поголем успех, македонската кошаркарска репрезентација го очекува утрешниот старт на Европското првенство во Литванија. Таму за титулата ќе се борат 24 национални тимови, а ние за остварување на првата цел, влез меѓу 12-те најдобри, ќе треба да бидеме најмалку трети во групата во која се и Грција,
Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Финска. Станува збор за силни селекции, кои, сепак, не ги плашат избраниците на селекторот Марин Докузовски. Напротив, тие се убедени дека имаат сили за нов историски успех, а центарот Предраг Самарџиски изјавува:
„Одиме со амбиции да се покажеме во најдобро светло да го поминеме првиот круг и во вториот круг со малку среќа да го подобриме пласманот од пред две години. Мое лично мислење е дека имаме и сила и знаење, а овој пат и искуство бидејќи сме поискусни за едно Европско првенство, голем дел од играчите што се дел од оваа екипа беа и во Полска и знаеме што не чека и мислам дека имаме и квалитет и искуство да го направиме тоа.“
Оптимизмот е присутен и кај другите репрезентативци, а колку е тој реален ќе видиме уште утре, кога во Алитус ќе ги одмериме силите со, според сите проценки, главниот конкурент за третата позиција, Црна Гора. Таа е дебитант на европските првенства и селекција со која изминатиот месец одигравме два меча, на кои забележавме победа и пораз. Тоа говори дека станува збор за ривал со сличен квалитет на нашиот, но и противник кој може да се совлада, смета бекот Дарко Соколов.
„Се знаеме доста добро и мислам дека со една добра тактика и добра мотивација можеме да ги поминеме, тие се доста квалитетен противник, но мислам дека можеме да ги победиме.“
Победнички старт, но и најдобар пласман во третиот наш настап на едно кошаркарско Еуро(дебито го имавме во 1999 година во Франција, каде го освоивме 13-тото место), очекуваат и македонските љубители на спортот.
„Мислам дека ќе бидат добри, согласно претходната игра би очекувале нешто добро.“
„Сосема би бил јас лично задоволен ако го повторат успехот од претходното ЕП и тоа би било сосема доволно, да не очекуваме сепак премногу.“
„Има, сега формата веројатно треба да се истемпира точно и веројатно малку спортска среќа.“
„Барем да го повторат успехот од последниот пат, а се надевам и на успех повеќе. Не треба да се занесуваме дека премногу високо може да одиме, ама мислам дека се до шесто место би било успех“, рекоа анкетираните граѓани.
Одиме со амбиции да се покажеме во најдобро светло да го поминеме првиот круг и во вториот круг со малку среќа да го подобриме пласманот од пред две години. Мое лично мислење е дека имаме и сила и знаење, а овој пат и искуство бидејќи сме поискусни за едно Европско првенство.
„Одиме со амбиции да се покажеме во најдобро светло да го поминеме првиот круг и во вториот круг со малку среќа да го подобриме пласманот од пред две години. Мое лично мислење е дека имаме и сила и знаење, а овој пат и искуство бидејќи сме поискусни за едно Европско првенство, голем дел од играчите што се дел од оваа екипа беа и во Полска и знаеме што не чека и мислам дека имаме и квалитет и искуство да го направиме тоа.“
Оптимизмот е присутен и кај другите репрезентативци, а колку е тој реален ќе видиме уште утре, кога во Алитус ќе ги одмериме силите со, според сите проценки, главниот конкурент за третата позиција, Црна Гора. Таа е дебитант на европските првенства и селекција со која изминатиот месец одигравме два меча, на кои забележавме победа и пораз. Тоа говори дека станува збор за ривал со сличен квалитет на нашиот, но и противник кој може да се совлада, смета бекот Дарко Соколов.
„Се знаеме доста добро и мислам дека со една добра тактика и добра мотивација можеме да ги поминеме, тие се доста квалитетен противник, но мислам дека можеме да ги победиме.“
Победнички старт, но и најдобар пласман во третиот наш настап на едно кошаркарско Еуро(дебито го имавме во 1999 година во Франција, каде го освоивме 13-тото место), очекуваат и македонските љубители на спортот.
Сосема би бил јас лично задоволен ако го повторат успехот од претходното ЕП и тоа би било сосема доволно, да не очекуваме сепак премногу.
„Мислам дека ќе бидат добри, согласно претходната игра би очекувале нешто добро.“
„Сосема би бил јас лично задоволен ако го повторат успехот од претходното ЕП и тоа би било сосема доволно, да не очекуваме сепак премногу.“
РСЕ: Дали овој национален тим има сила за такво нешто?