Раководствата на здруженијата Стогово, Бело јагне, Коџатурк и Жупа Турклери имаа свои проекти во повеќе сфери, но според нив тешката финансиска не дава можности за спроведување на проектите.
Во оваа општина невладиниот сектор има добра меѓусебна соработка, но во четирите здруженија се свесни дека во моментов им е потребна
поширока поддршка за да имаат позначајни активности.
„Невладинот сектор во оваа општина го нема своето место кое го заслужува. Како главни причини за пасивноста на НВО се доцнењето во појавата и регистрацијата на наведените здруженија, потоа бројните финансиски тешкотии, неодвојувањето од страна на општината средства од буџетот за потребите на невладините здруженија, но и масовната миграција
на младите“, вели Фехми Скендер од здруежението „Жупа Турклери“.
Според него и во една ваква состојба со бројни финансиски проблеми, невладиниот сектор се труди да спроведе одредени активности во повеќе сфери, бидејќи во оваа рурална општина нема културни, спортски и други активности. Ако невладините организации не организираат активности, тогаш и населението останува без можност да види активности во наведените сфери. Ова лето здруженијата организираа културни и спортски манифестации кои ги следеа и голем број печалбари кои се дојдени во родниот крај да го минат летниот одмор.
„И покрај сите проблеми ние се трудиме да реализираме одредени активности. Ние имаме фолклорна група која настапува овде локално, но и во други градови од земјава па и во странство. Се трудиме со одредени активности да организираме и проекти за стопирање на миграцијата, која тешко дека некој може да ја стопира.“
Во општина центар Жупа, турската етничка заедница е најбројна, но овде живеат и Македонци и Албанци. Невладините организации даваат нагласен придонес и во продлабочувањето на добрите меѓуетнички односи.
„Ние сме пример како општина кога се говори за меѓуетничките односи. Секогаш сме заедно и во добро и во лошо. Овде има добар соживот“, вели Скендер.
Инаку оваа рурална општина е печалбарска. Над 75 насто од населението е на печалба како во западноевропските земји така и во САД.
Во оваа општина невладиниот сектор има добра меѓусебна соработка, но во четирите здруженија се свесни дека во моментов им е потребна
поширока поддршка за да имаат позначајни активности.
„Невладинот сектор во оваа општина го нема своето место кое го заслужува. Како главни причини за пасивноста на НВО се доцнењето во појавата и регистрацијата на наведените здруженија, потоа бројните финансиски тешкотии, неодвојувањето од страна на општината средства од буџетот за потребите на невладините здруженија, но и масовната миграција
Невладинот сектор во оваа општина го нема своето место кое го заслужува. Како главни причини за пасивноста на НВО се доцнењето во појавата и регистрацијата на наведените здруженија, потоа бројните финансиски тешкотии, неодвојувањето од страна на општината средства од буџетот за потребите на невладините здруженија, но и масовната миграција на младите.