Низата критики кои во континуитет ги добива судската власт, предизвика реакции кај оваа фела. Упатените велат дека проблемот за лошата перцепција на јавноста за судскиот систем и начинот на кој тој функционира, не се должи само на улогата на министерот за правда или пак мешањето на извршната власт врз судската. Судијата Лазар Нанев посочува повеќе слабости кај овој сектор на кои треба да се работи за да се подобри неговата ефикасност. Тој вели дека не се доволни само законите, туку нивната примена. Потребно е вели тој да се повлече црвена линија, а судиите да станат свесни дека проблемите треба да ги решаваат посветено и
професионално.
„Ние се декларираме меѓутоа сето тоа беше декларативно, а на терен, односно во јавноста многу малку се гледа таа независност. Само од нас зависи како таквата декларативна независност која што ја имаме во сите закони, меѓутоа тоа треба да го покажаме самите и да изградиме една критична маса која ќе може овие законски решенија да ги имплементира.“
За професорот Рухи Бакиу, пак, најважно од се е судската власт да се ослободи од влијанието на извршната власт. Присуството на првиот човек на правда во Судскиот совет влијаеше на носењето на одлуките на овој орган, посочува професор Бакиу.
„Во Судскиот совет отворено се гледа дека тие се постојано под политичко влијание и изборот кој се прави во судовите е според политичка ориентација.“
Нанев, пак, укажува дека присуството на министерот за правда не е пресудно за работата на овој орган. Фактот што другите членови ги гласаат токму судиите, а секоја одлука се носи со двотретинско мнозинство е знак дека реалната моќ за одлучување ја имаат сепак самите судии.
„Каков е кредибилитетот на оние кои што ние ги избравме, ние имавме можност ние самите на тајни избори да ги избираме нашите претставници. Какви се такви се тие се од нас избрани и имаат целосен кредибилитет.“
Граѓаните, пак, се надеваат на подобри денови во судството. Дел од анкетираните велат дека најголемата слабост на судскиот систем е корупцијата.
„Корумпираност има многу. Таква е целата ситуација во Македонија.“
„Сега се со пари, да позајмиш од некого па да дадеш, ако не ништо.“
„Ако немаш, по облеката ќе те погледнат па ќе ти се обратат ако им одговараш, ако не им одговараш не те погледнуваат.“
Со најновите измени во судскиот деловник, се планира електронска достава и снимање на судските рочишта. Тоа заедно со низа мерки во насока на модернизација на судовите, треба да ја зголеми нивната ефикасност и да ја смени лошата слика за судскиот систем во земјата.
Ние се декларираме меѓутоа сето тоа беше декларативно, а на терен, односно во јавноста многу малку се гледа таа независност
„Ние се декларираме меѓутоа сето тоа беше декларативно, а на терен, односно во јавноста многу малку се гледа таа независност. Само од нас зависи како таквата декларативна независност која што ја имаме во сите закони, меѓутоа тоа треба да го покажаме самите и да изградиме една критична маса која ќе може овие законски решенија да ги имплементира.“
За професорот Рухи Бакиу, пак, најважно од се е судската власт да се ослободи од влијанието на извршната власт. Присуството на првиот човек на правда во Судскиот совет влијаеше на носењето на одлуките на овој орган, посочува професор Бакиу.
„Во Судскиот совет отворено се гледа дека тие се постојано под политичко влијание и изборот кој се прави во судовите е според политичка ориентација.“
Нанев, пак, укажува дека присуството на министерот за правда не е пресудно за работата на овој орган. Фактот што другите членови ги гласаат токму судиите, а секоја одлука се носи со двотретинско мнозинство е знак дека реалната моќ за одлучување ја имаат сепак самите судии.
„Каков е кредибилитетот на оние кои што ние ги избравме, ние имавме можност ние самите на тајни избори да ги избираме нашите претставници. Какви се такви се тие се од нас избрани и имаат целосен кредибилитет.“
Корумпираност има многу. Таква е целата ситуација во Македонија.