Потегот на владата за забрана на соработка со компании кои соработуваат со властите на Зимбабве и на Либија, експертите го оценуваат како добар. Меѓутоа некои изразуваат забелешки дека покажуваме непостојаност во политиките. Зимбабве на почетокот на годината ја призна Македонија под уставното име а во јавноста во тајност беа држени информациите дека премиерот Груевски имал средба со претседателот на оваа
африканска држава Роберт Мугабе.
Во Министерството за надворешни работи велат дека не може да се прави поврзување меѓу најновата одлука на владата и претходниот договор за признавање на Македонија под уставното име.
Политичкиот аналитичар Алберт Мусли вели дека е разбирливо во таа фаза Македонија да имала потреба да обезбеди поголем број земји што ќе ја признаат под уставното име, но дека треба да водиме сметка и потезите да бидат усогласени со ставовите на ЕУ како земја кандидат за членство.
„Кажувавме и во тој период дека македонската надворешна политика треба да се усогласи по некои глобални прашања со ЕУ. Тежнееме да станеме членка на ЕУ, а од друга страна тие потези на зголемена комуникација со раководството на Зимбабве беа во спротивност со ставовите на битни членки на ЕУ, така што надворешната политика треба да е конзистентна и не треба да се користи за дневно политички поени.“
Опозицијата тогаш остро го нападна Груевски за необјавувањето во јавноста дека на маргините на Самитот ЕУ - Африка во Либија, каде што Македонија беше во својство на земја-кандидат, се сретнал со Роберт Мугабе, кој во Зимбабве владее 31 година и од народен херој и ослободител ја доби квалификацијата диктатор.
Поранешниот амбасадор Благој Зашов не се согласува дека треба да се бараат допирни точки меѓу последната одлука на владата и претходното признавање од Зимбабве. Како што прецизира, тоа е логично во рамките на напорите за признавање од што е можно повеќе земји:
„Сега ова е коинциденција, во Зимбабве има голема криза и нашата влада оценила дека сега така треба да се постапи со оглед на фактот што во Зимбабве има една таква политика и ЕУ донела такви мерки.“
Инаку со одлуката на владата врз основа на заедничката европска позиција Македонија забрани финансиски операции со компании кои соработуваат со властите на Либија и Зимбабве како и извоз на оружје и инструменти за репресија.
Зашов истакнува дека тоа што владата ја следи политиката на ЕУ е поврзано со нашиот кандидатски статус:
„Мора да водиме сметка како членките на ЕУ се однесуваат кон светските проблеми. Нашата влада мора да води сметка и за тоа каков е односот на ЕУ и НАТО и кон проблемот со Либија и признавањето на востаничките групи во Бенгази.“
На списокот на владата се и 25 поединци познати по екстремни и насилни ставови. ЕУ забрани секакви финансиски операции со 26 организации и групи познати по екстремно делување меѓу кои и палестинскиот Хамас, Црниот септември на Фатах и палестинскиот исламски Џихад.
Кажувавме и во тој период дека македонската надворешна политика треба да се усогласи по некои глобални прашања со ЕУ. Тежнееме да станеме членка на ЕУ, а од друга страна тие потези на зголемена комуникација со раководството на Зимбабве беа во спротивност со ставовите на битни членки на ЕУ.
африканска држава Роберт Мугабе.
Во Министерството за надворешни работи велат дека не може да се прави поврзување меѓу најновата одлука на владата и претходниот договор за признавање на Македонија под уставното име.
Политичкиот аналитичар Алберт Мусли вели дека е разбирливо во таа фаза Македонија да имала потреба да обезбеди поголем број земји што ќе ја признаат под уставното име, но дека треба да водиме сметка и потезите да бидат усогласени со ставовите на ЕУ како земја кандидат за членство.
„Кажувавме и во тој период дека македонската надворешна политика треба да се усогласи по некои глобални прашања со ЕУ. Тежнееме да станеме членка на ЕУ, а од друга страна тие потези на зголемена комуникација со раководството на Зимбабве беа во спротивност со ставовите на битни членки на ЕУ, така што надворешната политика треба да е конзистентна и не треба да се користи за дневно политички поени.“
Опозицијата тогаш остро го нападна Груевски за необјавувањето во јавноста дека на маргините на Самитот ЕУ - Африка во Либија, каде што Македонија беше во својство на земја-кандидат, се сретнал со Роберт Мугабе, кој во Зимбабве владее 31 година и од народен херој и ослободител ја доби квалификацијата диктатор.
Поранешниот амбасадор Благој Зашов не се согласува дека треба да се бараат допирни точки меѓу последната одлука на владата и претходното признавање од Зимбабве. Како што прецизира, тоа е логично во рамките на напорите за признавање од што е можно повеќе земји:
Мора да водиме сметка како членките на ЕУ се однесуваат кон светските проблеми. Нашата влада мора да води сметка и за тоа каков е односот на ЕУ и НАТО и кон проблемот со Либија и признавањето на востаничките групи во Бенгази.