Достапни линкови

Глобална последица од колапсот на еврозоната


Многумина коментатори правилно опсервираат: Евро-експериментот е на крстосница. Дали еврозоната ќе прерасне во фискална унија или нејзините послаби членки ќе бидат принудени да си заминат?, се наведува во текстот објавен во Фајненшал Тајмс, во кој се конснтира дека експериментот со еврото го доведе во крстосница и целиот меѓународен монетарен систем.

Дали нашите внуци ќе наследат свет со огромен број национални валути или пак само со неколку мултидржавни валути? Доколку еврото преживее и добие статус на резервна валута како доларот, секако дека ќе има силен тренд на консолидација насекаде во светот. И другите блокови ќе го имитираат успехот на еврото. Со тоа тие ќе можат да уживаат во намалени каматни стапки и во поголемо смирување на финансиските кризи.


На пример, Канада и Мексико би можело со Соединетите Држави да формираат северно американски валутен блок во кој евентуално би се вклучиле и голем број земји од Јужна Америка. Кина и Јапонија би можело да ги остават своите недоразбирања настрана и да го формираат срцето на третиот голем блок во Азија. Впрочем за време на последната финансиска криза, ова беше тешко да се замисли, освен за идеалистите кои веруваат дека светот треба да прифати единствена валута.

Од друга страна, доколку еврото биде растргнато од центрифугални сили, можеби затоа што евролидерите не се способни да донесат цврсти одлуки за справувањето со должничката криза, ќе треба уште многу децении пред другите региони да почнат да размислуваат за такво нешто.

За жал, еврото во моментов повеќе изгледа како систем што ги зголемува, отколку што ги апсорбира ударите. Британија, која не го прифати еврото, искористи од одржливата депресија на фунтата. Во меѓувреме, околните земји заглавија во слаби конкурентни позиции и тешки механизми за прилагодување. Плановите на евролидерите да постигнат ефективна девалуација преку голема реформа на платите изгледаат далечни.

Иронично е што еврото, исковано да ги елиминира шпекулативните движења во рамките на Европа, страда од пресилни каматни стапки, особено во однос на доларот.

Европските лидери можеби погрешно на оваа гледаат како на знаци на доверба во еврото. Но, како што се наведува во текстот, поточно е да се каже дека пазарите, во право или не, се се позагрижени од тоа што Соединетите Држави немаат план А, отколку што на Европа и недостига план Б.

Политичките лидери кои го формираа еврото транзицијата кон оваа валута ја калкулираа како жртва во името на подобрата иднина на нивните внуци. Но, токму сега е нејасно кој систем ќе биде подобар за идните генерации. Некои за еврото велат дека е креатура на политиката која никогаш нема да биде оправдана од економијата. Сегашната епизода би можело да го пресврти ваквиот став, се наведува во текстот објавен во весникот Фајненшал тајмс.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG