Достапни линкови

Еротика-фест во Скопје


По примерот на останатите центри во балканските држави, на 14 мај, во Скопје по прв пат ќе се одржи ЕРОТИКА ФЕСТ, манифестација која е замислена како мултимедијален и провокативен настан.

12 разголени актери од соседството кои ќе изведуваат сосема различни точкимеѓу кои најголемата европска ѕвезда Алета Океан, како и првата ѕвезда на филмовите за возрасни од просторот на поранешна Југославија – Анета Менделсон , секси играчки, музичари и диџеи ќе земат учество на првиот македонски ЕРОТИКА-ФЕСТ што ќе се одржи овој петок во арената Метрополис во Скопје. Случувањето кое се одржува во пресрет на реалниот почеток на беспоштедната предизборна трка е главна тема во разговорите на
Мислам дека доволно сме веќе во „конзерва“, треба да излезме од „конзервата“ конечно. За ниту еден настан кој што досега сум го организирал, сум немал ваква
реакција.
обичните луѓе на кои им е преку глава од политичките замешателства и кои своето бегство од тмурното секојдневие планираат да го сторат со посета на овој настан по кој ќе можеме да констатираме дека како последни на Балканот и ние Македонците сме јурнале во рушење на табуата во однос на сопственото самопоимање и еротиката.

„Мислам дека доволно сме веќе во „конзерва“, треба да излезме од „конзервата“ конечно. За ниту еден настан кој што досега сум го организирал, сум немал ваква реакција“, вели Огнен Узуновски, кој заедно со Томислав Алексовски како Спектаклум продукција го потпишуваат ова случување.

Тие се презадоволни се презадоволни од интересот и и истакнуваат дека големиот број на купени влезници чија цена се движи од 1.000 до 1.500 денари говори за тоа дека Македонија е и повеќе од созреана за настан од ваков тип.
На ЕРОТИКА-ФЕСТ е планирано да присуствува и славниот режисер на филмови за возрасни Пјер Вудман, кој во првите два часа од почетокот на фестивалот, од 19 до 21 часот, ќе се впушти во потрага по момци и девојки кои евентуално би сакале да се појават во некој од неговите идни проекти.
Инаку, во музичкиот дел на ова случување најавено е дека ќе настапат Тамара Тодевска, ГЕОРГИ ШАРЕВСКИ КВАРТЕТ, диџеите Гоце од САФ, Зоки Бејбе и Маци, а водителки на целата програма ќе бидат Миа Костова и Маја Ангеловска.

Зоран Ристевски, алиас Диџеј Зоки Бејбе, смета дека се работи за навистина интересна понуда од промотерите да спојат навистина сериозна музичка екипа за уште посериозен настап на македонската сцена за забава и дека:
Луѓето едноставно како да заборавија дека дел од една метропола, од едно живеење се и вакви настани.

„Луѓето едноставно како да заборавија дека дел од една метропола, од едно живеење се и вакви настани.“

Џез гитаристот Шаревски откако ќе забележи дека по објавувањето на програмата за ЕРОТИКА-ФЕСТ мнозина негови блиски пријатели биле изнанедени од таквата одлука дополнува:

„Нема посоодветен бенд да свири на еротски фестивал од мојот квартет, односно сега веќе квинтет.“

Инаку, организаторите планираат фестивалот да стане традиционален и веќе најавуваат дека следното негово издание најверојатно ќе биде одржано идното лето во Охрид и дека дотогаш и спонзорите конечно ќе разберат дека станува збор за манифестација чија цел е да ги разбива предрасудите и случување какви што има насекаде во светот.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG