Достапни линкови

Генерал Стојановски почесен член на Гардата од Вермонт


Од доделувањето на признанието на генерал Стојановски
Од доделувањето на признанието на генерал Стојановски

Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал Мирослав Стојановски стана почесен член на Националната гарда од Вермонт.

Признанието на генерал-потполковник Стојановски му го додели командантот на Националната гарда, генерал-мајор Мајкл Дуби. Добитници на вакви признанија од Националната гарда се поранешниот гувернер на Вермонт Џејмс Даглас и генерал-полковник на американската армија Ричард Коди. Генерал-потполковник Стојановски е првиот странски државјнин
Најголемата чест што Националната гарда од Вермонт може да ја додели некому е да стане нејзин почесен член.
што добил вакво признание. Командантот Дуби изјави дека причината за доделувањето на вавкото признание е добрата соработка меѓу двете земји и лидерството на генерал Стојановски.

Признанието на генерал Стојановски му го додели командантот на Националната Гарда генерал мајор Мајкл Дуби

„Ние сме горди и почестени што припадниците на македонските вооружени сили беа вклучени во нашата бригада во Авганистан. Најголемата чест што Националната гарда од Вермонт може да ја додели некому е да стане почесен член.“

Генерал-потполковник Стојковски изјави дека ова е признание и за сите припадници на армијата кои дале придонес во билатералната соработка со Вермонт.
Убеден сум дека заедничкото учество во рамки на мисијата ИСАФ претставува најсеопфатени и најкомплетен реализиран проект кој ќе отвори нови видици во понатамошната соработка помеѓу нашите Армии.

„Не е скромно или претерано да се каже дека заради оваа соработка АРМ денеска е подобра и борбено пооспособена, отколку на почетокот на формирањето на Армијата.“

Македонската армија и Националаната гарда на Вермонт соработуваат веќе 16 години и досега според податоците на Генералштабот,
Генерал Стојановски, министерот за одбрана Зоран Коњановски и американскиот амбасадор Филип Рикер на денешната церемонија
реализирани се над 200 активности во кои биле вклучени над 400 македонски војници. Станува збор за обуки на специјалните единици за планиско војување, воени планирање, логистичко обезбедување, воено буџетирање и командно-штабни вежби. Генерел-потполковник Стојановски вели дека со заедничките вежби е подигнато борбеното, тактичкото и техничкото ниво на АРМ.

„Од соработката помеѓу двете Армии, но и стратешкото партнерство помеѓу Република Македонија и САД, со сигурност се издвојува минатогодишното успешно заедничко распоредување на силите ’Феникс‘ во мисијата ИСАФ во Авганистан, во траење од девет месеци. Убеден сум дека заедничкото учество во рамки на мисијата ИСАФ претставува најсеопфатен и најкомплетен реализиран проект кој ќе отвори нови видици во понатамошната соработка помеѓу нашите Армии“, рече генерал Стојановски.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG