Изутрина е пет и пол часот. Ден недела, верски празник Проштени поклади. Се наоѓаме во дворот од куќата на Зероски во непосредна близина на параклисот Свети Кирил и Методиј во центарот на Прилеп. Сите се будни, го чекаат еснафот „Прилепските мечкари“ да дојдат и да почнат со ритуалот стар повеќе од 300 години. Прв влегува 11-годишниот Стефан Боцески во придружба на дедо му Борис Рујаноски. По христијанскиот поздрав со домаќините: „За многу години и Проштевајте“ ги земаат суровите кожи оставени на подот, на лицата ставаат сурати изработени од чоја на која има заби, рогови, пулејки, пари...
„Со нетрпение го очекувам празникот и секогаш кога ќе дојдам тука цел ден го минувам радосен, среќен“, вели Стефан.
Дедо му Борис му помага да ја облече што поубаво една од маските на „Прилепските мечкари“.
„Во текот на овие 68 години, еве вака како внуков, од 14 години со татко ми одев, со него се преправавме“, се сеќава дедо Борис.
И уште недозавршени подготовките на еден мечкар веќе дворот е полн, сите годинешни учесници кои ја праваат оваа маска се тука. Весели, ведри, насмеани, се радуваат што ја продолжуваат традицијата на прилепските касапи.
„Оваа облека е тешка околу 30 килограми, ако врни денеска ќе дојде 70“, вели Дејан Нешкоски.
„Сите ќе ги спремиме и одат по сите касапски куќи, не по другите, а некој кој што ќе изрази желба ќе не викне, ќе појдиме, сакаат децата, внучињата“, вели Бобан Иваноски.
„Отприлика некаде 20 километри нагоре-надолу“, вели Димитрија Нешкоски.
Мечкарите се веќе подготвени, над 30-мина, а домаќинката 83-годишната Даринка Зероска и нејзината снаа ги испраќаат од домот со полна трпеза.
„Еве има невестата направено, има торти, рипчиња пржени, кора, кафе ене му правам... главно убаво, и тоа сме овде години.“
Во придружба на зурли, кавали и тапани мечкарите заминаа, ја започнаа веселата прошетка низ градот во куќите на прилепскиот еснаф.
Најпрвин го посетија домот на Спиро Спироски, кој заедно со семејството ги пречека со богата трпеза и отворени порти во 8 часот изутрината.
„Секоја година доаѓаат кај мене мечкарите, затоа што јас бев директор на Кланица, и обично одат кај еснафите. Како домаќин ги пречекувам еве можете да видите со радост. Овој ден и мене ми е како и нив, радосен.“
Прилепските мечкари ја продолжија својата маршрута низ градот, точно на пладне се појавија на карневалот полни со енергија, го изведоа ритуалот на бркање зли духови пред почетокот на пролетта. Со парите со кои ги даруваа касапските куќи тие купија грав и за чист понеделник како што го нарекуваат денот после Прочка, ги поканија своите сограѓани.
„Во понеделникот се збираме на посно, на манастир на Свети Ѓорѓија, таму одиме, се збираме сите, 30 касапници има, во рибарници одиме, во продавници за сувомеснато одиме и тие ги покануваме со шеќерче, со ракии, со се“, вели Томче Кимоски.
Поради целата оваа автентичност зачувана низ вековите, на иницијатива на локалната самоуправа, Институтот за фолклор одлучи да ја заштити маската „Прилепски мечкари“ и засега е првото и единствено заштитено културно-духовно наследство во Македонија.
„Посебноста е во ритуалот кој што го означува цикличниот период од живот-смрт-живот, зашто и самата мечка симболизира повторно појавување во животот“, изјави Снежана Ристеска, советник за култура во локалната самоуправа и носител на иницијативата.
Со нетрпение го очекувам празникот и секогаш кога ќе дојдам тука цел ден го минувам радосен, среќен.
„Со нетрпение го очекувам празникот и секогаш кога ќе дојдам тука цел ден го минувам радосен, среќен“, вели Стефан.
Дедо му Борис му помага да ја облече што поубаво една од маските на „Прилепските мечкари“.
„Во текот на овие 68 години, еве вака како внуков, од 14 години со татко ми одев, со него се преправавме“, се сеќава дедо Борис.
И уште недозавршени подготовките на еден мечкар веќе дворот е полн, сите годинешни учесници кои ја праваат оваа маска се тука. Весели, ведри, насмеани, се радуваат што ја продолжуваат традицијата на прилепските касапи.
„Оваа облека е тешка околу 30 килограми, ако врни денеска ќе дојде 70“, вели Дејан Нешкоски.
„Сите ќе ги спремиме и одат по сите касапски куќи, не по другите, а некој кој што ќе изрази желба ќе не викне, ќе појдиме, сакаат децата, внучињата“, вели Бобан Иваноски.
„Отприлика некаде 20 километри нагоре-надолу“, вели Димитрија Нешкоски.
Секоја година доаѓаат кај мене мечкарите, затоа што јас бев директор на Кланица, и обично одат кај еснафите. Како домаќин ги пречекувам, еве можете да видите со радост. Овој ден и мене ми е како и нив,
радосен.