Македонците кои живеат во Бугарија се чувствуваат целосно дискриминирани, ни малку како граѓани на Европа. Скратено им е основното човечко, демократско право на пописот, слободно да ја декларираат својата национална припадност. Вака тврдат двете политички партии на Македонците во Бугарија, ОМО Илинден и ОМО Илинден Пирин, кои поднеле жалби до Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур, од каде единствено очекуваат помош.
„И сега во врска со пописот имаме доставено барање до Европскиот суд за правата на човекот во Стразбур и очекуваме реакција од нивна страна, за во иднина да имаме графа, да ни помогнат на некој начин“, изјави Иван Хаџиев, потпретседател на ОМО-Илинден.
Двете политички партии бараат да се исправи грешката до почетокот на пописот што од 10-ти овој месец, ќе се реализира и по писмен пат. Зашто при пробниот електронски попис во септември минатата година имало графа за Македонците, но бугарската партија ВМРО веднаш реагирала, па ситуацијата добила нов тек.
„ВМРО во Бугарија реагираше во медиумите, и луѓето кои допуштија да има графа Македонец, во графата други, подграфа Македонец, четворица луѓе беа избркани од работа, од Заводот за национална статистика во Бугарија, лично по заповед на премиерот. И графа Македонец сега во моментот нема“, изјави Ангел Безев, потпретседател на ОМО-Илинден Пирин.
Оваа партија поднела и жалба до државниот обвинител во Бугарија по конфискацијата на весникот „Македонски глас“, кој што во тираж од 2.500 примероци требало да се дистриубира. Но, полицијата не дозволила весникот да стигне во читателите. Конфискацијата била извршена во печатницата, зашто весникот ги повикувал Македонците слободно да се декларираат на престојниот попис.
„Беше конфискуван од бугарските служби, беа приведени сопственикот на печатницата и негов работник да дадат објаснување во полицијата и беа ослободени. Но, весникот е конфискуван од полицијата и весникот не можеше да стигне до луѓето да го читаат. Ние дадовме жалба до државниот обвинител во Благоевград“, потенцира Безев.
Иако овие информации ги знае целата светска јавност, како што велат двете политички партии, македонските власти не покажале интерес за проблемите на Македонците, ниту пак досега имале некаква поддршка или помош во борбата за остварување на нивните права.
„Слаба комуникација имаме ние со македонската влада, воопшто“, вели Хаџиев.
Од граѓанската асоцијација „НЕ-ИМА“ со седиште во Прилеп најавуваат дека проектот „народен учител“ што со европски пари и со поддршка од Владата се реализира и натаму во Албанија, во догледно време ќе започне и во Бугарија и во Грција.
И сега во врска со пописот имаме доставено барање до Европскиот суд за правата на човекот во Стразбур и очекуваме реакција од нивна страна, за во иднина да имаме графа, да ни помогнат на некој
начин.