Достапни линкови

Решавање на паркинг проблемите во Охрид


Во центарот на Охрид ќе се гради катна и подземна гаража
Во центарот на Охрид ќе се гради катна и подземна гаража

Со изградба на катни и подземна гаража во Охрид, локалната самоуправа планира да го решава хроничниот проблем со недостаток од паркинг простор.

Со изградба на катни и подземна гаража во центарот и стариот дел на Охрид, локалната самоуправа планира да го решава хроничниот проблем со недостаток на паркинг простор во градот, кој со возила дополнително се оптоварува за празниците и во летната и зимска туристичка сезона. Моментално, во централното градско подрачје има 1400 паркинг места, што ни оддалеку не се доволни ниту за oхриѓани, поради што општината изготви сообраќајна студија за стационарниот сообраќај со нови решенија за паркирањето на
Предвидуваме во централното градско подрачје изградба на три катни гаражи, со вкупен капацитет од околу 500 паркинг места и воедно со новиот урбанистички план кој се изготвува за "Табана" и "Центар", предвидена е изградба и на подземен паркинг простор.
возилата.

„Предвидуваме во централното градско подрачје изградба на три катни гаражи, со вкупен капацитет од околу 500 паркинг места и воедно со новиот урбанистички план кој се изготвува за Табана и Центар, предвидена е изградба и на подземен паркинг простор со што во зависност од опфатот, дали ќе е до излезната рамка, до хотелите Ривиера или Палас, бројот на паркинг места би се зголемил уште отприлика за 500 до 850. Во тој случај би имале од 1200 до 1500 плус паркинг места“, вели Зоран Шикалески, советник за сообраќај во општина Охрид.

За катните гаражи кои треба да се градат до дирекцијата на Охридско Лето, кај градскиот пазар и кај Горна Порта, веќе има заинтересирани инвеститори од земјава, регионов и Србија, кои во проектот би влегле преку јавно-приватно партнерство со општината.

„Земјиштето за трите катни гаражи е во сопственост на Република Македонија и постојано локалната самоуправа и градоначалникот настојуваат во разговори со министерствата и владата тие да се префрлат под ингеренција на општина Охрид, за да можеме да преземаме натамошни мерки за реализација на овие катни гаражи“, вели Шикалески, кој очекува работите и конкретно да се размрдаат по први јуни до кога е најавено отстапување на земјиштето од државата на општините.

„Подземната паркинг гаража ќе е во рамките на просторот од булеварот Македонски Просветители и улицата Кеј Маршал Тито, се работи за централниот Охридски плоштад. Со овој паркинг простор кој би бил целосно под земја би се решиле неколку прашања : нема да има сечење на насоките меѓу моторниот сообраќај и пешаците, што посебно е проблем во летниот период, викендите и празниците кога има прилив на туристи и плоштадот е преполн со посетители и пешаци, и на овој начин нема да има никаков контакт меѓу пешачкиот и моторниот сообраќај во овој дел на градот“, вели Шикалески, за чија идеја дел од Охридските архитекти побараа да се изготви поширока студија и анализа на оправданоста и комплексноста на оваа капитална инвестиција.

Охрид одамна чека на решавање на проблемот со паркинг места, посебно во летниот период во чиј шпиц бројот од околу 20 илјади домашни возила двојно се зголемува, па сите се паркираат каде ќе стигнат, што прави сообраќаен хаос, во кој тешко се снаоѓаат гостите, но и охриѓани.
XS
SM
MD
LG