Изјавата на министерот Димовски дека во Македонија има недостаток од домашно млеко, и оти млечната криза која се појави во соседна Србија не можеше да не одмине ни нас, претставува потврда на ситуацијата за која фармерите предупредуваа претходно. Во зимски период секогаш има помали количини млеко. Но, за да се заобиколи можноста од кризата од министерството фармерите препорачуваат да им дадат поповолни кредити да го повратат сточниот фонд, но оти истовремено треба да се најде и пазар за млекото:
,,Ние реално имаме услови не за да имаме млечна криза, туку имаме реални услови за да имаме вишок на млечни производи, но министерството за земјоделство сака да си направи своја стратегија како ние како фармери би излегле со поповолни услови од сегашните."
изјави Пеце Стојковски кој се занимава со откуп на млеко. Придонес кон состојбите во млечната индустрија има и пропаѓањето на шведскатамлекарница од која се уште млекопроизводителите ги трпат штетите во поглед на губењето на сточниот фонд и последиците со неисплатените пари по основ на предадено млеко:
,,Прво се намали конкуренцијата за откуп на млекото и останатите млекари што вршат откуп драстично ја намалија цената на млекото со тоа загубите на млекопроизводителите на огромни. Од друга страна голем дел на фармери, околу 3000, останаа без своите средства."
изјави Ефтим Шаклев од Здружението на фармери. Претставници на останатите асоцијации исто така мислат дека има реални решенија на овој проблем и затоа иницираат развојот на сточарството и отворање нови млекарници што ќе овозможи да се зголеми конкуренцијата.
,,Мислам дека нема да има некои големи турбуленции во однос на млекото во Македонија. Во моментов, немаме ние некое големо производство најверојатно затоа што бројот на грла е намален. Бројот на капацитети е доволно голем за да го апсорбираат иако конкуренцијата, она што доаѓа од надвор си го прави своето, но ако добро се изменаџира целиот овој процес може да се релаксира состојбата."
оценува Ѓоко Даниловски. Неопходноста од обнова на сточниот фонд ја согледа и министерството зошто со кризата во Сведмилк во голем број грлата беа продадени. Димовски најави дека затоа ќе иницира развојот на сточарството да не е само со крави, туку и со овци кај кои има голем пад споредено со бројот од пред 20-30 години. Тој напомена и дека се внимава увезеното млеко да не биде во големи количини и да не влијае на цената на домашното млеко.
,,Ние реално имаме услови не за да имаме млечна криза, туку имаме реални услови за да имаме вишок на млечни производи, но министерството за земјоделство сака да си направи своја стратегија како ние како фармери би излегле со поповолни услови од сегашните."
изјави Пеце Стојковски кој се занимава со откуп на млеко. Придонес кон состојбите во млечната индустрија има и пропаѓањето на шведската
Мислам дека нема да има некои големи турбуленции во однос на млекото во Македонија. Во моментов, немаме ние некое големо производство најверојатно затоа што бројот на грла е намален