Така тврди Слободан Ристески кој што два месеца одржувал тренинзи во ова училиште, се до моментот кога директорот на школото, Трајче Каралиоски му кажал дека веќе не може да ја користи спортската сала.
Ристески потенцира дека согласност за користење на салата добил токму одКаралиоски, со кого се договорил на почетокот, наместо да плаќа кирија, да ја обележи салата. Во своето барање до Управниот одбор на училиштето тој изразува подготвеност да плаќа повисока закупнина или на друг начин што ќе го утврдат надлежните да придонесе за подобрување на условите за спортување во објектот. Но, вели барањето не е разгледано, а директорот Каралиоски веќе му ги затвори вратите на школото, оставајќи ги децата без потребниот тренинг и со порака до тренерот.
„Оваа е чистата вистина. Бидејќи си член на СДСМ, забрана имаш од локалната, тој човек да го тргнеш од салата, да не тренира со децата. Во уписот на децата, како членови во мојата школа, во мојот клуб, јас досега во ни еден момент го немам прашано, ниту родител, ниту дете, во која политичка припадност, припаѓаат. Мислам штета и стварно еве еден апел до градоначалникот“, реагира тренерот Ристески.
Поради прекинот на тренингот, вознемирени и револтирани се и родителите на учениците. Тие најавија дека ќе се организираат и ќе достават петиција за да се обезбеди простор за тренинг на децата.
„Партијата нека си ја тераат таму каде што е му е, а овде во школото, овде за просвета е, за спортување.“
„Децата се овде за да тренираат, му создаваме навика за здрав живот и мислам дека треба да му дозволат да тренираат.“
„А, мислам дека не треба да го мешаат спортот со политиката.“
„Не би било лошо да ние се организираме и побараме мислам една петицијата да салата се ослободи за овие деца.“
Но, директорот Каралиоски, ги демантира наводите на Ристески.
„Училишниот одбор ќе се состане и ќе даде мислење дали може салата да ја користи или не може, дали има слободен термин или нема. Тоа е целата вистина, значи ова е училиште, ние работиме според закон и според статут, според се она како што налагаат законите во оваа држава. Господинот Слободанчо извршил насилен упад во училиштето. Значи кога е неработен ден насилно влегол и ја користеше салата во политички цели“, вели Каралиоски.
Тој додава дека нема никаква политика во оваа негова одлука. Пред два месеца вели го примил Ристески без проблем, му дал одобрение за користење на салата, но сега смета дека Ристески мора да има потпишано договор со школото за користење на просторот.
Ристески потенцира дека согласност за користење на салата добил токму од
Оваа е чистата вистина. Бидејќи си член на СДСМ, забрана имаш од локалната, тој човек да го тргнеш од салата, да не тренира со децата. Во уписот на децата, како членови во мојата школа, во мојот клуб, јас досега во ни еден момент го немам прашано, ниту родител, ниту дете, во која политичка припадност, припаѓаат.
„Оваа е чистата вистина. Бидејќи си член на СДСМ, забрана имаш од локалната, тој човек да го тргнеш од салата, да не тренира со децата. Во уписот на децата, како членови во мојата школа, во мојот клуб, јас досега во ни еден момент го немам прашано, ниту родител, ниту дете, во која политичка припадност, припаѓаат. Мислам штета и стварно еве еден апел до градоначалникот“, реагира тренерот Ристески.
Поради прекинот на тренингот, вознемирени и револтирани се и родителите на учениците. Тие најавија дека ќе се организираат и ќе достават петиција за да се обезбеди простор за тренинг на децата.
„Партијата нека си ја тераат таму каде што е му е, а овде во школото, овде за просвета е, за спортување.“
Партијата нека си ја тераат таму каде што е му е, а овде во школото, овде за просвета е, за спортување.