Достапни линкови

Што со парите од ММФ?


Прес-конференција на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески гувернерот на Народна банка Петар Гошев и шефот на мисијата на ММФ за Македонија Весли Меккргу
Прес-конференција на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески гувернерот на Народна банка Петар Гошев и шефот на мисијата на ММФ за Македонија Весли Меккргу

Со парите од ММФ може да се релаксира задолжувањето на домашниот пазар и во странство, но парите нема да можат да се користат за инфраструктурни инвестиции.

Парите од ММФ ќе се трошат за буџетски потреби, информираа од власта. Од опозицијата порачаа парите да се трошат внимателно и се чини дека тука завршува приказната. Но што ќе значи овој аранжман за Македонија? Бизнисменот Зоре Темелковски вели дека со овој аранжман ќе се намали задолжувањето на домашниот пазар, со што повеќе пари ќе бидат достапни за бизнисите
Инвестирањето во патната инфраструктура, во гасната и железничката инфраструктура е нешто што е повеќе ургентно, но ние немаме ни прилика ни можност овие кредитни сретства да ги насочуваме во таа насока...

„Земањето или извклекувањето на банкарскиот капитал, кој банките треба да го пласираат во стопанството, фактички ќе се врати во македонскиот банкарски круг. Од тука банките би можеле да станат партнери а не лихвари. Тие ќе мора да измислат релаксирани програми за стопанството.“

Фокусот треба да биде ставен на стабилизација на стопанството, вели Темелковски

„Најважно е сега да се стабилизира стопанството, т.е. малите и средни компании, кои заради некаква средна или мала задолженост во банките, не можат да ги реализираат своите програми и визии.“

Како што информираа од министерството за финансии, македонија е првата земја на која и е понуденовој нов инструмент на Фондот. Дали тоа ќе го подобри имиџот на Македонија пред странските инвеститори? Професорот Христо Карталов дава индиректен одговор на ова прашање.
Најважно е сега да се стабилизира стопанството, т.е. малите и средни компании...

„Инвестирањето во патната инфраструктура, во гасната и железничката инфраструктура е нешто што е повеќе ургентно, но ние немаме ни прилика ни можност овие кредитни сретства да ги насочуваме во таа насока.“


Оваа кредитна линија претставува „златна резерва“ во народната каса, поради која нема да има потреба интервентно да се бараат пари кога за тоа ќе се појави потреба, појаснува Карталов
Зградата на ММФ

„Тогаш кога немаме доволен прилив на сретства, да се посегне од нив. Значи во наредните две години Владата ќе има една покомотна позиција и положба да не мора ургентно да бара слободни парични сретства од граѓаните, од домашниот пазар, или во странските финансиски институции по повисоки каматни стапки“

Инаку, ММФ го дава заемот со препорака парите да се трошат разумно. Околу 480 милиони евра од Фондот во јануари ќе се прокнижат на државна сметка.
XS
SM
MD
LG