Достапни линкови

Кабинет за роботика за талентирани ученици


Ученици во кабинетот за роботика
Ученици во кабинетот за роботика

Основците од двете централни училишта „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“ од Куманово добија новоопремен заеднички кабинет за роботика.

Средствата од околу осум илјади долари за комплетната опрема се донација од УСАИД, а двете училишта се дел од проектот планиран за 40 училишта во државава. Во Куманово од десетината училишта ова е единствен кабинет. Во кабинетот основците ќе разработуваат теми по техничко образование, а според предметните наставници ќе се стекнуваат со вештини од областа на информатичка технологија,автоматизација на производство на роботите и електрониката.
Ќе изработуваат најразлични моедли на роботи, конкретно лего роботи, кои што ќе ги составуваат и презентираат на компјутер, а потоа ќе ја испробуваат нивната функционалност и ќе ги програмираат.

„Ќе изработуваат најразлични моедли на роботи, конкретно лего роботи, кои што ќе ги составуваат и презентираат на компјутер, а потоа ќе ја испробуваат нивната функционалност и ќе ги програмираат“, вели Јасмина Бошковска, предметен наставник по техничко образование во ОУ „Крсте Мисирков“.

Според Љубиша Петковски, кој е предметен наставник по техничко образование во ОУ „Браќа Миладиновци“, овој кабинет е нешто ново за наставата по техничкото образование бидејќи ќе биде користен за темата по овој наставен предмет за седмо и осмо одделение. Новина е во тоа што комбинирано ќе се применува елктронскиот и механичкиоот дел за лего роботите.

„Учениците со овој дел ќе покажат свое познавање од областа на електрониката, информатиката и техничкото образование. Се на едно место. Во овој дел ќе бидат вклучени талентирани деца, бидејќи се работи за тема која што бара познавања на материја и од техничко образование и од информатика“, вели Петковски.
Во овој дел ќе бидат вклучени талентирани деца, бидејќи се работи за тема која што бара познавања на материја и од техничко образование и од информатика.


Заедничкиот кабинет за основците од двете училишта е и поради тоа што тие со децении користат исти образовни објекти, во две смени. Вработените во континуитет имаат добра соработка.
Александар Саздевски директор на ОУ „Крсте Мисирков“ смета:

„Овој проект ќе биде од голема полза бидејќи опремата и наставната материја се прилично софистицирни и се очекува голем интерес кај самите ученици.“

Тој додава дека најголем дел од донацијата бил искористен за набавување на роботите кои се прилично скапи.

„Во текот на учебната година учениците ќе ги составуваат. Наставниците беа на обука и ќе ги обучуваат во пракса да ги составуваат роботите.“

Саздевски вели дека заедничкото користење на кабинетот на двете училишта е поради добрата соработка, а ќе биде полезно за сите. Според него, кога веќе наставниците заедно биле на обука, а и се користат исти образовни објекти, би било штета само едно училиште да го има бенефитот од кабинетот.
Кабинетот предизвикува особено задоволство кај основците кои најмногу се заинтересирани за оваа научна област.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG