Достапни линкови

Димовски, светла точка на македонскиот бокс


Примислав Димовски е единствената светла точка во македонскиот бокс во 2010-та година. Супертешкашот годинава освои две први места.

Димовски ги освои првите две места на „Златниот гонг“ во Скопје и на турнирот во Бања Лука, како и три бронзи - на „Странџата“, „Премиерскиот куп“ и на првиот Европски куп во Украина, каде што учествуваа најдобрите боксери од Стариот континент. Овие трофеи говорат дека тој зад себе ја има една од најуспешните сезони, што е и негово мислење. Затоа и вели дека е задоволен од постигнатото, иако не го заборава разочарувачкиот настап на:

„Европското Првенство во Русија каде што имавме очекувања дека ќе постигнеме нешто повеќе, барем јас лично.“

Димовски во Москва беше елиминиран во четвртфиналето. Сепак, потоа беше на висина на задачата, што очекува да биде случај и идната година, на СП во Јужна Кореја. Таму, популарниот Примо ќе ја бие првата битка за олимписка виза. За неа потребно е да освои медал на Мундијалот или да биде меѓу првите седум Европјани во категоријата над 91 килограм, по квалификациските турнири во 2012-та. Тоа нема да биде лесно, но
Нема работа, нема услови и нема вложување во боксот, за да се биде сигурен дека од некои пет боксери барем еден двајца ќе не достигнат мене и Мумин, па зошто да не и да не надминат.
стипендистот на Интернационалниот олимписки комитет, верува дека ќе ја исполни целта благодарение на високиот рејтинг, стекнат и со петтото место на ланскиот Мундијал во Италија.

„Тоа ми дава ентузијазам дека можам да успеам, верувам во себе. И сега на европската ранг листа сум меѓу првите 10, па зошто да не, само треба да се оддржи формата па дури и да се подобри и да се подобрам и јас како боксер и можам да се најдам меѓу тие боксери за Олимписките игри“, додаде Димовски.

Вели дека не е оптимист за иднината на македонскиот бокс. Агонијата на овој наш спорт цела деценија се покрива со неговите и резултатите на Вели Мумин. Сепак, нивните кариери привршуваат, а во моментов нема на повидок нивен наследник, иако имаме многу талентирани боксери.

„Нема работа, нема услови и нема вложување во боксот, за да се биде сигурен дека од некои пет боксери барем еден двајца ќе не достигнат мене и Мумин, па зошто да не и да не надминат“, истакна Примислав Димовски, кој очекува акција пред се од државата.

Нејзините стипендии за спортистите со меѓународни успеси не се за потценување, но за напредок, покрај Закон за спорт, потребно е и финансирање на талентите пред тие да настапат на врвните натпреварувања.
XS
SM
MD
LG