Достапни линкови

Македонскиот боксер Наси Хани ,,ниже" успеси


Натпревар во бокс
Натпревар во бокс

2009-та беше исклучително успешна за 27 годишниот професионален боксер Наси Хани од Струшко Велешта, кој во едногодишната професионална боксерска кариера доби четири меча совладувајќи ги со нокаут неговите искусни противници.

2009-та беше исклучително успешна за 27 годишниот професионален боксер Наси Хани од Струшко Велешта, кој во едногодишната професионална боксерска кариера доби четири меча совладувајќи ги со нокаут неговите искусни противници. По победите над Дариус Бала од Полска, Кристијан Јакши од Унгарија, Михаил Акшау од Гана, циклусот успешни борби Хани го заокружи со нокаут на Даниил Пракапсоу од Белорусија на меѓународниот традиционален турнир во Швајцарската престолнина Берн. Препознатлив заштитетн знак на Наси стана победата со нокаут и силните директни удари и крошеи кои му даваат убедлива надмоќ во рингот и го онеспособуваат противникот, а на нашиот најуспешен професионален боксер му донесоа епитет "гладијатор" и "маж-разурнувач" во боксот.

,,Ми значи многу,секоја победа ми значи, посебно бидејќи 2009-та ја завршив со сите мечеви со победи. Тоа значи дека во 2010 ќе се
Ми значи многу,секоја победа ми значи, посебно бидејќи 2009-та ја завршив со сите мечеви со победи. Тоа значи дека во 2010 ќе се рангирам повисоко на светската ранг листа,ќе се доближам до десетте или дваесетте најдобри и ќе сум подобро рангиран, за да боксувам за светска титула
рангирам повисоко на светската ранг листа,ќе се доближам до десетте или дваесетте најдобри и ќе сум подобро рангиран, за да боксувам за светска титула."

Вели професионалниот боксер од Струга Наси Хани, кој со четирите освоени меча, во тешка крузер категорија од 223-тото метеорски се искачи на 197-мото место на светската ранг листа од 917 професионални боксери.

,,Во април ми е планиран следниот меч. Целта ми е да ги освојам сите натпревари што ќе ги имам. А главна цел во кариерата ми е да станам светски првак."

Вели Хани, кој, иако е најуспешен професионален боксер кај нас, кариера ја гради само со поддршка на неговото семејство, обучуван во Американски кампови низ кои поминал славниот Мохамед Али, а годинава за него се грижи тренерот Бруно Арати во еден од најпознатите тренинг кампови за бокс во Швајцарија, под менаџерско водство на Даниел Хартман.

,,Јас со боксот веќе сум веќе 14 години. 13 години бев со аматерскиот бокс, бидејќи имав многу добри успеси, а во Македонија сметам дека не може да се напредува ни во аматерски, ни во професионелан бокс, бидејќи немаме поддршка од федерациите и од спорстките агенции. Затоа во 2009 година се префрлив во професионален бокс, за што долго време тренирам во професионални кампови, се подготвував за тоа,само го чекав вистинскиот момент за да се префрлам на профи боксот. Да се биде професионален боксер е добро чувство,што го чекав одамна, тоа беше мојот сон. Прво сакав да стекнам добро искуство како аматер,па после да стапнам на професионалниот ринг,каде нема простување на грешките. Мораш да си успешен, а за тоа треба искуство,што јас го имав. Сега во рингот ми е добро, за што е потребна добра подготовка. Овде е потребна повеќе работа и физичка и психичка, прво се бара мислењето, па после реагирањето на нападите, и задавањето на удари, што е поинаку од аматерскиот бокс. Во рингот се чувствувам одлично, уживам во боксот."

Вели Наси Хани, кој боксерската приказна ја започна во Струга, има дипломирано на Факултетот за физичка култура во Скопје, досега десет пати бил шампион во аматерски бокс на Македонија, два пати на Албанија и Косово, во сите категории од пионерска до тешка, носител е на 32 златни медаљи од многу национални и меѓународни турнири, а добитник е и на престижниот златен гонг во Македонија во 2008-ма. Хани кој има учествувано на Светското првенство во бокс во 2006-та во Чикаго, САД, а не отпатува на Олимпијадата во Грција и Европското првенство во Англија, поради немање средства за него, нема никаква поддршка од Боксерската федерација на Македонија, иако на мечевите тој се бори под Македонското знаме и држава.
XS
SM
MD
LG