Достапни линкови

Кулески се „борат“ со тешкото секојдневие


Семејство Кулески од селото Штавица
Семејство Кулески од селото Штавица

Во крајно мизерни услови, со парична помош од 1 300 денари, едвај преживува прилепското семејство Кулески од селото Штавица.

Продолжуваат маките на прилепското семејство Кулески од селото Штавица, кои пред осум месеци ја загубија својата едногодишна ќерка Билјана, која изгоре во лулката крај шпоретот во куќата, додека родителите надвор од домот, ги завршуваа селските работи.
Кулески се повторно четиричлено семејство. Покрај тригодишната Ангела која беше единствен очевидец на трагедијата, мајката Марта на свет донесе уште една ќерка, Елена, која наполни четири месеци.
Ами што овци се, ене ги, триесет овци, четириесет, тие се овците, сега нема ни млеко, ни сирење од нив, тоа е... сега дури јагне кога ќе се даде некогаш, и тие сакам да ги продавам, не можам да ги хранам, немам храна, не само да ги чувам овците

Постапката за одземање на старателството врз Ангела, што прилепскиот центар за социјална работа ја покрена по смртта на едногодишната керка, е прекината. Малата Ангела е со своите родители во Штавица, но тие и натаму живеат во крајна сиромаштија, со минимални 1300 денари социјална помош.

,,Еве децава што не бараат, се бараат немам од што, вчера имавме еден продавач вели, купи, купи... Е што да купам, социјалното што го дадоа некни, се потрошија парите, толку. "

Вели таткото Гоце Кулески.Тој ја води битката со животот, се обидува да состави крај со крај во тешката сиромаштија. Секој ден и натаму го води во планините, стадото овци на пасење, но вели од тоа многу тешко се живее.

Кулески се надеваат дека ќе успеаат да се преселат во новата куќа која е во градба
,,Ами што овци се, ене ги, триесет овци, четириесет, тие се овците,сега нема ни млеко, ни сирење од нив, тоа е... сега дури јагне кога ќе се даде некогаш, и тие сакам да ги продавам, не можам да ги хранам, немам храна, не само да ги чувам овците."

Благодарение на помошта од хуманите луѓе, упатена до ова семејство по медиумската кампања за спас на Кулески, тие собраа пари и изградија куќа на периферијата од градот. Но, паричната помош не е доволна за да заврши изградбата и Кулески конечно да се преселат во нова куќа. Стравуваат дека и оваа зима, ќе ја поминат во собата полна со црни спомени каде ја изгубија ќерката, зашто други
Барам работа, сакам и јас да живеам за децата да можам да си ги гледам. Никој не ми понудил работа
можности немаат. И при најмал дожд, вода им капе од сите страни низ покривот на куќата, ветерот струи над нивните глави.

,,Врати, пенџериња, да се измалтари, да се направи, внатре сето да се среди. Ние ако ја направиме се селиме одма, што ќе правам овде да седам, во ова што ќе седам, гледаш сето капи, течи, и ладно е... не можам да мрднам никаде и јас. Барам работа, сакам и јас да живеам за децата да можам да си ги гледам. Никој не ми понудил работа."

Се жали Кулески. Од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа велат дека направиле се што е во рамки на законот, им доделиле еднократна, помош од 10.000 денари за решавање на станбеното прашање. Стручен тим постојано го посетува семејството, како и патронажна служба од Здравствениот дом, која ја следи здравствената состојбата на децата, но и целото семејство.
Со помош на центарот започната била постапката Марта, која е албанска државјанка од Скадарско, да добие македонско државјанство, што е услов да се зголеми висината на социјалната помош на Кулески.
И тука завршува се. Тешката судбина во мизерни услови за живот ќе продолжи, ако добрите луѓе не ја покажат повторно својата хуманост, па Кулески и нивните две деца да се згрижат под сигурен кров, во топла соба, далеку од нечистотијата, студот и морничавите слики на семејната трагедија.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG