Прилепчанецот, земјоделец Киро Трајковски кој што неодамна е осомничен дека одгледувал 60 корени со марихуана во близина на неговата бавча, во атарот на селото Ореовец, тврди дека ќе ја тужи државата и дека ќе ја бара правдата дури во Стразбур, за да докаже дека ниту тој, ниту неговиот 24 годишен син Драган, никогаш не се занимавале со никаков нелегален бизнис.
Трајкоски реагира и се жали дека е жртва на системот. Тој бара помош од Хелсиншкиот комитет за човекови права и ја обвинува полицијата за лоши проценки. Тој е крајно револтиран зашто синот доживеал тешки психички трауми, откако како што тврди полицијата применила и физичка сила и психолошки притисок врз него. Таткото сега бара помош од медицинските стручњаци, бидејќи пред неколку дена од прилепската болница е пренесен на лекување во Психијатриската клиника во Скопје.
,,Ме прашаа, дали имаш син, имам, дали бил овдека, не е воопшто дојден, не иди, имаше пред 12 години тешка повреда со бомба, секој еден прилепчанец ќе ви каже какво дете беше Драганчо, тоа беше педантно, на секого добро утро, добар ден, со никого ни се скарал, ни се степал, ми го отепаа детето, го пореметија, му се заканувале „мелено месо ќе те направиме". Кој век сме, кое време... зошто?"
Трајкоски избезумен од болка, загрижен за здравјето на синот, не знае каде веќе да се обрати за помош. Немоќен овој човек вели дека цел живот во оваа држава е само жртва на неправди. Пред години останал без работа, зашто поранешната фирма, отишла во стечај и од тогаш се бори за корка леб по нивите. А, и неговото здравје е нарушено.
,,Ме гледате вие како фигура, а имам и 9 многу тешки операции, од кои 4 на плуќата, 4 на црн џигер и една стомачна, така да и многу мина ми се чудат. На сето тоа уште потрагично 2009, на 25 фебруари доживувам тешка сообраќајка. Јас само 6500 денари земам инвалидска пензија, така да морам сега со таа работа, со земјоделие, житарица, земјоделие."
Во сите маки, синот го негувале како капка вода на дланката, го чувале од секаков напор, зашто по експлозијата едвај останал жив. Таткото тврди дека синот бил мирно момче кое никогаш немало проблеми со полицијата.
,,Да апелирам и до Парламентот, мајки кои што се, кои чувствуваат мајчинство на такво чесно и достоинствено дете, да најжестоко, најенергично протестираат во Парламентот, на министерката, па дури и Премиерот."
Трајкоски вели дека и тој и синот ќе се откажат од членството во ВМРО-ДПМНЕ, затоа што им е нанесена ваква неправда. Но, од Секторот за внатрешни работи во Битола, категорично ги демантираат овие наводи и информираат дека Трајкоски е осомничен за недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори, за кои што му е поднесена кривична пријава.