Датумот на средбата на македонскиот претседател Ѓорѓи Иванов со медијаторот за спорот со името Метју Нимиц е прецизиран. Тие ќе се сретнат на 19 септември, потврдија од кабинетот на претседателот. Иванов на Генералното Собрание на Обединетите Нации ќе биде придружуван од шефот на дипломатија, Антонио Милошоски, велат во министертвото за надворешни работи. Можната средба на премиерот Никола Груевски со грчкиот премиер Јоргос Папандреу се уште не е официјално потврдена иако неофицијаните информации говорат дека ова средба може да се одржи во присуство на Нимиц, што ги зголемува очекувањата од неа.
Петар Поп Арсов од владечката партија ВМРО ДПМНЕ вели дека секогаш ваквите средби се прават со очекување дека ќе има некакво придвижување во спорот со името.
,,Република Македонија е заинтересирана да се случи тој напредок да се затвори дефинитивно ова прашање, да бидат негирани атрибутите на нашата националност, јазик итн. Меѓутоа ќе потенцирам дека тоа не зависи само од нас, знаеме дека Република Грција се наоѓа во една предизборна кампања за локалните избори и тоа на некој начин ги отежнува условите за изнаоѓање решение во овој период, значи конкретно во овој период.„
Тито Петковски од НСДП вели дека доколку Македонија не излезе на овие средби со јасен став, тие нема да резултираат со некаков напредок. Тој додава дека во членството на владечката партија се подготвува клима за нужен компромис.
,,Апсолутно кај најголемиот дел, условно да кажам, луѓе кои што гледаат малку подалеку или разумни луѓе, преовладува мислењето дека компромисот е неизбежен и како што гледате во последно време и премиерот почна да го употребува зборот, да компромис, но кој што нема да биде на штета на националните интереси на Македонија.„
Арсов негира дека се создава таква клима во партијата.
,,Така што ние во овој момент неможеме да создаваме клима на компромис, доколку тој компромис не е на повидок и кој што компромис не зависи само од Република Македонија туку зависи и од другата страна, односно и од Грција. Така што јас лично не знам дека се создава ваква клима, а некој друг ако има таков впечаток тоа е негова перцепција.“
Андреј Петров од СДСМ вели дека не може да се зборува за очекувања од најавените средби за некакво придвижување на спорот со името.
,,Со оглед дека немаме никакви информации за процесот очигледно дека сето тоа се случува во тесен круг на луѓе, двајца-тројца, дури ни Владата не е информирана за настаните, да не зборувам за собранието, мислам дека сосема разбирливо дека во услови кога немаме информации неможеме да шпекулираме, што би било ако би било.„
Флора Кадриу од Нова Демократија вели дека ова се клучни средби, но искуството досега покажува нешто друго.
,,Доколку хронолошки ги анализираме средбите помеѓу премиерите на двете држави, меѓутоа и меѓу министрите за надворешни работи ќе забележиме дека тоа беа само протоколарни средби од кои што немаше никаков епилог или да речам успешен резултат, оттука ни преостанува само надежта.
Таа додава дека во последниот отчет на Премиер за работењето на Владата не се забележува спремност за креирање на позитивна клима во однос на прашањето за името.
Петар Поп Арсов од владечката партија ВМРО ДПМНЕ вели дека секогаш ваквите средби се прават со очекување дека ќе има н
Апсолутно кај најголемиот дел, условно да кажам, луѓе кои што гледаат малку подалеку или разумни луѓе, преовладува мислењето дека компромисот е неизбежен и како што гледате во последно време и премиерот почна да го употребува зборот
,,Република Македонија е заинтересирана да се случи тој напредок да се затвори дефинитивно ова прашање, да бидат негирани атрибутите на нашата националност, јазик итн. Меѓутоа ќе потенцирам дека тоа не зависи само од нас, знаеме дека Република Грција се наоѓа во една предизборна кампања за локалните избори и тоа на некој начин ги отежнува условите за изнаоѓање решение во овој период, значи конкретно во овој период.„
Тито Петковски од НСДП вели дека доколку Македонија не излезе на овие средби со јасен став, тие нема да резултираат со некаков напредок. Тој додава дека во членството на владечката партија се подготвува клима за нужен компромис.
,,Апсолутно кај најголемиот дел, условно да кажам, луѓе кои што гледаат малку подалеку или разумни луѓе, преовладува мислењето дека компромисот е неизбежен и како што гледате во последно време и премиерот почна да го употребува зборот, да компромис, но кој што нема да биде на штета на националните интереси на Македонија.„
Арсов негира дека се создава таква клима во партијата.
Така што ние во овој момент неможеме да создаваме клима на компромис, доколку тој компромис не е на повидок и кој што компромис не зависи само од Република Македонија