Достапни линкови

Македонија, земја со неизвесна иднина


Оценката за стабилноста на Македонија. според магазинот Форин полиси
Оценката за стабилноста на Македонија. според магазинот Форин полиси

Според анализата на американскиот магазин Форин полиси, Македонија е земја на работ на стабилноста. Според експертите, НАТО и ЕУ се клучните фактори за стабилноста.

Членство во НАТО и ЕУ и внатрешна стабилност се клучните фактори кои може да ја тргнат Македонија од групата земји со неизвесна иднина, сметаат домашните политички експерти со кои разговаравме.
Според анализата на угледниот американски магазин Форин полиси, Македонија спаѓа во групата земји кои се на работ на стабилноста.
Професор Мерсел Биљали вели дека оценката е реална. Целиот регион, а особено Македонија, повеќе се занимава со минатото, отколку со иднината, вели тој.
Мислам дека спас за општиот напредок ни е зачленувањето во НАТО што е многу важно за да се зголемат инвестициите, напредокот на земјата и за да се поправи социјалната благосостојба во државата.


„Мислам дека спас за општиот напредок ни е зачленувањето во НАТО што е многу важно за да се зголемат инвестициите, напредокот на земјата и за да се поправи социјалната благосостојба во државата.“

Професор Владо Поповски вели дека има низа фактори кои придонесуваат, Македонија да се перцепира како земја со неизвесна иднина. Турбуленциите на Косово, радикалните изјави на некои политичари во Македонија, спорот за името со Грција, спорот меѓу МПЦ и СПЦ, но и спорењето на идентитетот од некои кругови во Бугарија се фактори кои вклучуваат одредена неизвесност, вели тој. Поповски смета дека клучно за стабилноста на земјава е внатрешната безбедност.

Скопје

„Охридскиот договор како модел постои, што значи многу треба да се вложи во неговата реализација и второ да го развива дијалогот, да не се создава омраза врз партиска и политичка основа во компетицијата околу властите во борбата за власт, да не создаде, а веќе сме на
Охридскиот договор како модел постои што значи многу треба да се вложи во неговата реализација и второ да го развива дијалогот, да не се создава омраза врз партиска и политичка основа во компетицијата околу властите во борбата за
власт.
прагот да создадеме две Македонии во македонскиот политички блок кој што веќе се мрази по дефиниција. Мора да се надминат тие проблеми.“

Тој вели дека, ако Македонија подолго време остане надвор од НАТО, можно е да се создадат нови проблеми во земјава – на меѓугенерациски, социјален, меѓуетнички и меѓуверски план.

„Да не им се врти грб на пријателите од меѓународната заедница, особено не на стратегиските партнери, мислам на САД, на земјите од НАТО и мислам дека треба да се води една поурамнотежена политика и према Запад и према Исток во смилса на културни врски, економски врски и слично, но политичките патишта на Македонија се во НАТО и ЕУ, нема друга траса која може да обезбеди стабилност.“

Според анализата за стабилноста на Форин полиси, во регионов, Македонија е подобро рангирана само од Босна и Херцеговина и од Србија со Косово. Земјава, пак, е послабо рангирана од земји како Самоа, Либија, Боцвана или Гана.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG