Достапни линкови

Национално обединување


Премиерот Груевски вчера од Крушево повика на обединување и надминувањена политичките разлики
Премиерот Груевски вчера од Крушево повика на обединување и надминувањена политичките разлики

Според експертите и опозицијата, вчерашниот повик на премиерот Груевски за национално обединување е само формалност.

Изјавата на премиерот Никола Груевски дека во важни моменти и во функција на остварување на суштинските државни и грагански интереси треба да се најде сили за надминување на политичките разлики, опозицијата не ја доживува како доволно искрена. Како да стана пракса секоја плитичка партија или лидер кој ќе дојде на некој празник да ги повикува релевантните политички фактори за постигнување некоја цел , реагираат претставниците од опозицијата:
На секој празник се повикува на обединување декларативно без да се направи ниту еден конкретен чекор до наредниот празник


,,На секој празник се повикува на обединување декларативно без да се направи ниту еден конкретен чекор до наредниот празник.“

Изјави Зоран Заев од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. Во албанскиот коалициски партнер на власта го застапуваат мислењето дека обединувањето за некоја национална или стратешка цел како што се прашањето за името и евроитеграциите е можно, но треба да се направи на поинаков начин:

,,Преку аргументи и факти и од едната и од другата страна, за да има слога и соработка за постигнување на крајната цел.“
Ако политичките партии наместо да се навредуваат меѓу себе, туку почнат да го почитуваат спротивното мислење, тогаш во Македонија нема веќе да го имаме тој проблем со национално помирување и слично

Претседателот Ѓорѓе Иванов - зборуваше на Пелинце 02.02.2010


Посочува Сафет Незири од Демократската Унија за Интеграција. На масовниот народен собир на Мечкин Камен по повод 2 август, премиерот повика на обединување, на единство и отворање нова страница во политичкото делување. Но, според забелешките на опозицијата имало разлика мегу пораките и она што се случува на терен. Годинава во Крушево како да се одржа партиски митинг на кој силни беа свирежите за опозициската делегација на СДСМ од страна на членството, регираат во таа партијата. Поради ова и политикологот Здравко Савевски оценува дека изјавата на премиерот звучи формално. Инаку парламентарната демократија фукнционира на конкурентско ниво, но од друга страна има нешто што се вика национален интерес и на одредени прашања треба да се има одреден заедники став, вели Савевски. Но, според него во Македонија не е проблем нациналното помирување туку изградбата на демократска политичка култура:

,,Ако во Македонија изградиме демократска политичка култура врз основа на толеранција на спротивниот став, ако се работи на таа политичка култура и ако политичките партии наместо да се навредуваат меѓу себе, туку почнат да го почитуваат спротивното мислење, тогаш во Македонија нема веќе да го имаме тој проблем со национално помирување и слично.“

Претседателот на Собранието Трајко Вељановски пред споменикот на Ченто во Скопје 02.08.2010


До повикот на премиерот за обединување и единство доага во период што изминатиот месец на политички план го одбележаа меѓусебни префрлања на власта и на опозицијата за одговорноста околу инцидентот кој се случи во Собранието на 1 - ви јули. Претставниците на меѓународната зедница имаа забелешки и за власта и за опозицијата. Во меѓувреме пратенците деновиве заминаа на годишен одмор така што парламентот во наредните неколку недели нема да има активности.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG