Достапни линкови

Хајд парк - Ваши коментари


Во рубриката Хајд парк, во која нашите слушатели имаат можност за оставање на свои коментари на интернет страницата на Радио Слободна Европа, вчерашниот митинг на опозицијата, засега привлекува најмногу коментари. Прочитајте што пишуваат слушателите.

Дали, почитувани, сте ја посетиле веб страницата на Радио Слободна Европа? Посетувајте ја, ќе најдете интересни теми што ги обработуваат нашите новинари и дописниците од цела Македонија. Во време на Светското првенство, на најважната споредна работа на светот - посебен дел одвојуваме за вести од фудбалските полиња во Јужна Африка и анкета за вас – кој ќе биде новиот светски првак.

Нашите слушатели со бројни коментари за вчерашниот митинг на опозицијата, во рубриката Хајд парк

Ако сте редовни посетители, верувам знаете и за нашиот Хајд Парк каде што најслободно можете да си го напишете вашето мислење по одредени теми од секојдневниот живот, што се однесуваат токму на нас, граѓаните. Пораките со вашите мислења на прашањето дали извршителите ќе придонесат за поредовно плаќање на комуналните сметки ги читавме минатиот понеделник, но има и многу пораки за прилозите на нашите новинари.

Бидејќи протестниот митинг на здружената опозиција пред Владата, деновиве е најактуелен, ќе почнам од нив: интересна е пораката на Џони кој пишува: Ајде малку Македонци покажете дека не се плашите од Грујо и од камарилата, и онаа на некој потпишан со Надидан (се сеќавате нели, на популарната турска серија ’1001 ноќ‘), во која има само еден збор испишан со големи букви: „Конечно….“. Нашиот редовен пишувач на пораки С и дупло В смета дека другите опозициски партии, кои не одат на протестниот митинг на здружената опозиција тактизираат и сакаат некој друг за нив да ја заврши работата, дека кога ќе дојде ред да се смени власта сите на цел глас ќе викаат дека и тие биле четири години во опозиција и потоа пак ќе биде виновен ’дежурниот виновник‘, СДСМ и Бранко
На коњите ли да се качиме, да му се невиди, па види, мајсторе, каде отиде светов, а ти не' гушиш у историја.
Црвенковски, пишува овој наш слушател.

Кристи од Скопје, во врска со нашата топ тема “Скопје 2014“ му се обраќа на премиерот Груевски и му порачува дека било подобро, наместо споменици да се правеле патишта зашто, пишува, ги искршивме колите. “На коњите ли да се качиме, да му се невиди, па види, мајсторе, каде отиде светов, а ти не' гушиш у историја“. Кристи го прашува премиерот што да прави со двајцата синови кои биле при крај со средното образование: дали да ги тера да учат факултет, па потоа без работа да бидат со години, или некаде да работат како келнери, често и без пари.

Сако од Скопје ја коментира нашата анализа за тоа дека Македонија е рекордер според бројот на невработените: „Невработеноста убива“, пишува Сако и потоа ги наведува и причините за неа - слабата реакција, вели, на самата држава, нефункционирањето на правната држава, корумпираноста, слабата децентрализација, немањето визија… И после се чудат зошто нема и странски инвестиции, пишува Сако и порачува: „Да имам пари ни во сон нема да помислам да ги инвестирам во Македонија.“
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG