Достапни линкови

Г 20 - Пријателска политика на економски растеж


Самит на Г 20 во Торонто
Самит на Г 20 во Торонто

Лидерите на 20-те најголеми светски економии, на самитот во Торонто, се договорија за таканаречена „пријателска“ политика на економски растеж. Тие побараа поголема флексибилност во курсната размена од растечките економии, пред се од Кина.

Лидерите на Групата 20 развиени и земји со растечки економии се договорија за редукција на дефицитите и за
таканаречена „пријателска“ политика на економски растеж. Според соопштението по самитот во Торонто, приоритет ќе им биде кратење на долгот и одржување на потрошувачката на краток рок за да се исполнат побарувањата. Целта е до 2013, за половина да се намалат дефицитите, а до 2016 да се стабилизират владините долгови. Г- 20 побараа од растечките економии да ги „ослободат“ своите валути на пазарот со цел глобалната трговија да биде на пофер основи и да се зголеми домашната побарувачка. Иако, со тоа посебно се мисли на Кина, сепак во коминикето од самитот во Торонто, таа не е специфично спомната. Од друга страна, канадскиот премиер Стивен Харпер изјави.

„Во декларацијата е содржана важна посветеност за поголема флексибилност во курсот на валутите. Ние знаеме дека Кинезите исто така се посветени на ова прашање. Јас верувам дека тие ќе ја исполнат таа обврска“.
Ние знаеме дека и кинезите се посветени на ова прашање и дека ќе ја исполнат таа
обврска.

Својот оптимизам во кинеската посветеност да ја ревидира вредноста на јуанот, канадскиот премиер го темели врз ветувањето дадено на еден, како што вели, светски настан како што е самитот на Г 20. Очигледно, потценетата вредност на кинеската валута е една од главните теми на кои притискаа западните економии.

„Ние очекуваме дека како што повеќе и повеќе ќе доаѓаат на сцена пазарните сили и кинескиот јуан ке расте и тоа значајно. Ние на тоа ќе обрнеме внимание во следниве месеци, изјави американскиот претседател Барак Обама по самитот на Г – 20 во Торонто.

Мирни демонстрации на последниот ден од самитот во Торонто


Како што е познато, прашањето на потценетата вредност на кинескиот јуан подолго време е посебна тема на односите меѓу САД и Кина.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG