Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија Радомир Антиќ побарал нов терен за тренинзи на екипата, бидејќи досегашниот на стадионот на Универзитетот во Јоханесбург бил закана за здравјето на играчите.
„Теренот е многу лош. Тревата е свежа и мека. Здравјето на фудбалерите е загрозено и загрижен сум поради тоа“, изјави Антиќ.
Генералниот секретар на Фудбалскиот сојуз на Србија Зоран Лаковиќ изјави дека побарале од ФИФА алтернативно решение, додавајќи оти и други репрезентации имаат такви проблеми.
Србија на Светското првенство игра во групата Д против Германија, Гана и Австралија.