„Од јануари до денес, плата нема добиено ниту еден вработен. Минатата учебна година цела година работевме а парите ги земавме во октомври. Сега се уште не се гледа крајот кога ќе добиеме плата. Од јануари наваму значи не сме добиле плата“, вели Илијаз Мемети, професор по математика и физика.
Директорот на гиманзаијата, Гордан Стојчевски вели дека од почетокот на учебната година се правеле напори проблемот со исплата на паушалите да се надмине. Тој открива дека законско решение нашле пред два месеци. Тогаш побарал од ангажираните професори да достават согласност од училиштата каде се редовно вработени дека може да бидат дополнително ангажирани во друго училиште. Само тројца професори во април доставија согласност и парични средства за овој месец тие добиле.
„Во април донесоа двајца професори, претходно имаше еден професор кои за април си земаа плата, останатите четворица професори како што ме информираа најнапред не можеле да ја обезбедат согласноста од училиштето и затоа недоставиле, сега кога ја обезбедиле согласноста истата ја донесоа во нашето училиште и сега плата ќе земат заедно со останатите професори“, вели директорот на велешката гимназија, Гордон Стојчевски.
Како проблем остануваат првите три месеци од оваа година. На исплатата на паушалите за јануари, февруари и март професорите кои предаваат на албански јазик ке мора да почекаат. Станува збор за средстав во висина од околу 130 илјади денари, кои мора со ребаланс на Општинскиот буџет да се префрлат на сметка на училиштето.
Бидејки средствата не се големи , Стојчевски смета дека на една од наредните седници на Советот пренамената ќе биде изгласана и до крајот на учебната година професорите кои дополнително се ангажирани ќе бидат исплатени.
Албанската паралелка во Гимазијата функционира веќе две години и за целиот овој период е со постојани проблеми. Поради неисплата на минатогодишното работно ангажирање на професорите кои предаваат на албански јазик, учениците од албанската паралелка своите сведителства за завршена прва година наместо во јуни ги добија во септември. Ако паушалите за јануари, февруари и март не им се исплата до крајот на учебната година можно е истото да се повтори и годинава, велат професорите.

Од јануари до денес, плата нема добиено ниту еден вработен. Минатата учебна година цела година работевме а парите ги земавме во октомври. Сега се уште не се гледа крајот кога ќе добиеме плата.