Достапни линкови

Оценки за работата на претседателот Иванов


Претседателот Ѓорге Иванов на средба со поддржувачи на неговата кандидатура за Претседател на Македонија
Претседателот Ѓорге Иванов на средба со поддржувачи на неговата кандидатура за Претседател на Македонија

Претседателот Иванов на функцијата е една година. Според неговите противкандидати на изборите тој ги исполнил очекувањата на владеачката партија, не иницирајќи прашања и идеи спротивни од оние кои ги застапува власта.

Умереност и претпазливост во изјавите, дејствување повеќе од хуманитарен карактер, без битни иницијативи, и само во рамките на она што како претседател му е работа. Вака ја оценуваат првата година од работата на претседателот Ѓорѓе Иванов, неговите некогашни
Исклучиво се занимава со работата која му е во рамките на уставните ингеренции, да не иницира некои поголеми активности и согласно нивната заедничка хармонија, да не иницира непријатни прашања или се зазема за некои идеи кои се спротивни од оние кои ги застапува власта.
против кандидати и граѓаните. Посета на странски земји, средба со граѓани, посета на градови и села, писма со сочусва и честитки до други земји, билатерални средби, учество на форуми, ова се дел од активностите на претседателот во неговата прва година откако е на чело на државата. Граѓаните велат дека е неблагодарно да се кажуваат лоши работи за човекот кој е на чело на државата.

„Си има свое мислење, има свој став.“

„Не си ја врши работата.“

Нано Ружин, еден од противкандиатите на Иванов на изборите, вели дека претседателот ги исполнил очекувањата на владеачката паритија.


Претседателот Ѓорге Иванов со поддржувачи на
неговата кандидатура за Претседател на Македонија

„Исклучиво се занимава со работата која му е во рамките на уставните ингеренции, да не иницира некои поголеми активности и согласно нивната заедничка хармонија, да не иницира непријатни прашања или се зазема за некои идеи кои се спротивни од оние кои ги застапува власта.“

Кандидатот, пак, на СДСМ, Љубомир Фрчковски вели дека едноставно нема што да коментира за претседателствувањето на Иванов.
Имер Селмани кој исто така му беше противкандидат на Иванов, вели дека претседателот останал во сенка на Груевски, за сите важни прашања од политиката.
Значи, тешко може да го запаметиме или да се потсетиме за претседателот Иванов за нешто што би било атрактивно или нешто што го ветуваше во предизборната
кампања.

Претседателот на Македонија на средба со граѓанитe

„Значи, тешко може да го запаметиме или да се потсетиме за претседателот Иванов за нешто што би било атрактивно или нешто што го ветуваше во предизборната кампања.“

Вчера група интелектуалци кои пред една година застанаа зад кандидатурата на Ѓорге Иванов се сретнаа со претседателот. И тие како слабост го гледаат безуспешниот обид Иванов да се оддели од сенката на Груевски. Но, мислат дека е вреден, работи и дека со таков начин на рабобота ќе допринесе за постигнување на повеќе резултати.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG