Генералниот секретар на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство Рејмонд Бенџамин најави дека голема група експерти ќе почнат да ги проучуваат предлозите за воспоставување нови стандарди. Претходно, властите во Европа беа критикувани дека претерано реагирале на вулканскиот облак со пепел и неколку дена буквално го стопираа авиосообраќајот.
„Ние ќе се обидеме да составиме група на луѓе: од индустријата, производители, од Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај, од владите, научници која ќе почне да работи врз стандардите“, изјави Бенџамин.
Тој додава дека во моментов не постојат стандарди за тоа колкава концентрација на пепел би можело да влијае врз работата на авионските мотори.
Тоа всушност доведе до забуна меѓу авиопревозниците и националните агенции за безбедност што пак предизвика затворање на воздушниот простор, мерка која, според критичарите и не била толку потребна.
Затворањето на воздушниот простор предизвика хаос во меѓународниот авиосообраќај со дневни штети од над 250 милиони долари. Меѓународната агенција за воздушен сообраќај на својата веб страница веќе објави соопштение насловено како „Повторно размислете за вулканите“.
Владите мора да се донесуваат одлуки врз факти, не врз теорија. Шефот на оваа агенција Џовани Бисињани остро ги критикуваше европските влади за нивнниот недостиг на лидерство во справувањето со вулканската криза, односно за пребрзата проценка на ризикот од обалкот со пепел.
Организацијата која се занимава со таквата проценка е базирана во Монтреал и има 190 членови. Таа низ целиот свет има поставено девет станици за контрола на вулканскиот пепел. Според Бенџамин, главен фактор на владите при воведувањето на ограничувањето на летовите беше прашањето на одговорност:
„Ако ги прашате производителите на мотори: Каква концентарција на пепел можат да издржи вашиот мотор тие нема да ви одговорат, бидејќи тоа е прашање на одговорност. Гледате. На крајот од сите се бара одговорност. И затоа сите велат никој нема да лета доколку постои опасност“, вели Бенаџмин.
Тој наведува дека по воспоставувањето на стандардите за летање на секоја влада ќе и биде оставено да реши дали да ги прифати и да ги почитува или не.
Вулканскиот пепел претставува опасност за авионите, бидејќи во него има материјал што може да се стопи во авиомоторите и да предизвика нивно гаснење. Во 1982 година по влегувањето во еден облак со вулкански прав престанале да работат сите четири мотори на еден британски авион от типот Боинг 747 кој летал од Австралија за Малезија. Авионот почнал да ја губи висината, но по излегувањето од облакот пилотот повторно успеал да ги активира моторите.

Ние ќе се обидеме да составиме група на луѓе: од индустријата, производители, од Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај, од владите, научници која ќе почне да работи врз стандардите.