Претставниците на четирите најголеми политички партии во земјава зад затворени врати во Собранието ги изнесоа предлозите за промена на Уставот. Најспорни се предлозите од албанските партии, бидејќи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски изјавија дека барањата се надвор од Рамковниот договор и не се прифатливи. Ставовите на Нова Демократија ги бранеше професорот Осман Кадриу.
„Бадентеровото гласање да се примени и во Уставниот суд, бадентеровиот систем да се примени и при донесувањето на буџетот на државата, а по однос на Судскиот совет Нова Демократија предлага да и претседателот на државата во иднина да не биде еден од субјектите што ќе предлага членови на Судскиот совет.“
Идентични барања презентираше и ДУИ.
„Прво во однос на уставниот амандман со кој се одредува начинот на избор односно функционирање на Судскиот совет, второ во однос на начинот на донесување на одлуки за оценување на уставноста и законитоста на законите на Уставниот суд, трето во однос на начинот на уредување на Уставниот суд, четврто во однос на начинот на уредување на Републичкиот совет на јавните обвинители и измени од областа на економијата“, вели претставникот на ДУИ во работната група, пратеникот Аднан Јашари.
Предлозите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат на интервенција во делот на составот и мандатот на на членовите на Судскиот совет, односно член да не биде министерот за правда и претседателот на Врховниот совет. Од опозицискиот СДСМ бараат преиспитување на приватизацијата со што кривичните дела поврзани со транзицијата нема да застаруваат. На лидерската средба пред две недели беше договорено да се формира работна група со цел да се усогласат уставните измени. Откако нејзините членови ќе ја завршат својата работа ќе се оддржи уште една лидерска средба на која ќе биде донесена конечната одлука дали ќе има промена на уставот.
Бадентеровото гласање да се примени и во Уставниот суд, бадентеровиот систем да се примени и при донесувањето на буџетот на државата.
„Бадентеровото гласање да се примени и во Уставниот суд, бадентеровиот систем да се примени и при донесувањето на буџетот на државата, а по однос на Судскиот совет Нова Демократија предлага да и претседателот на државата во иднина да не биде еден од субјектите што ќе предлага членови на Судскиот совет.“
Идентични барања презентираше и ДУИ.
„Прво во однос на уставниот амандман со кој се одредува начинот на избор односно функционирање на Судскиот совет, второ во однос на начинот на донесување на одлуки за оценување на уставноста и законитоста на законите на Уставниот суд, трето во однос на начинот на уредување на Уставниот суд, четврто во однос на начинот на уредување на Републичкиот совет на јавните обвинители и измени од областа на економијата“,
Во однос на начинот на донесување на одлуки за оценување на уставноста и законитоста на законите на Уставниот суд.