Прилепчанецот Мирче Цветаноски од неодамна остана без егзистенција за себе и своето четиричлено семејство, зашто фабриката за челични конструкции „Металец„ каде што го помина целиот работен век е во стечај. Сега тој не знае како што вели кој крај да го фати, затоа што синот е студент во Софија, а дома немаат ниту денар заштеда. Бидејќи фабриката каде што работела неговата сопруга одамна е затворена.
,,Кај мене нема никој вработен, ние сме четворица и студент имам плус. Џабе ќе зборуваме, џабе ќе кажуваме, никој не не слуша.Се украде и кај жената се украде, и по судови и по се, ништо. Нема, овде нема држава, нема право.“
Металци се исплашени за својата иднина. Велат, неизвесноста околу иднината на фирмата прекина, но започна нова агонија за нивниот живот.
„Тешко, никако, динар воопшто немам дома. Мислам ова е вистината, со овие плати што не ги зедов, ми беа планирани за живеење, меѓутоа сега ги нема и тие.“
„Не можам јас да сфатам никако, никој за нас не води сметка. Едноставно ја ограбија фирмата, не оставија нас на улица и никој никому влакно не му фали од косата“, велат Милан Цветаноски и Бранко Димоски, кои се дел од 230-те работници на „Металец“, кои добија статус на стечајци.
Нивните барања на првото рочиште за пријавување на побарувањата што ќе се одржи на 12 мај, ќе ги застапува регионалната прилепска канцеларија на синдикатот на ССМ.
„Тече рокот за пријавување на нивните побарувања, така да ќе ги пријавиме нивните побарувања од 4 плати и придонесите кои што се некаде околу 6 години неисплатени. Дали ќе продолжи да работи „Металец“ не зависи од работниците“, истакнува Лазар Ангелески, од правната служба на синдикатот на ССМ.
За иднината на „Металец“ ќе одлучат останатите големи доверители, фондовите за ПИОМ, здравство, УЈП и битолска Стопанска банка. Стечај за „Металец“, побара еден од деловните партнери, бидејќи имал поголеми ненаплатени побарувања. Претходно УЈП ја блокира сметката на фабриката за наплата на данок во висина од околу 30 милиони денари.
Инаку, „Металец“ беше иницијатор за отворање на слободна економска зона во Прилеп и масовно производство на растението мискантус гигантус како извор на биогориво. Менаџерите се жалеа во неколку наврати дека фирмата не ја доби бараната поддршка од државата. Словенечката компанија ЦНЦ има 20 отсто од акциите во фабриката, 30 отсто од капиталот е во рацете на прилепска фирма Металотехника, а останатиот дел од имотот е расцепкан на повеќе ситни доверители.
,,Кај мене нема никој вработен, ние сме четворица и студент имам плус. Џабе ќе зборуваме, џабе ќе кажуваме, никој не не слуша.Се украде и кај жената се украде, и по судови и по се, ништо. Нема, овде нема држава, нема право.“
Кај мене нема никој вработен, ние сме четворица и студент имам плус. Џабе ќе зборуваме, џабе ќе кажуваме, никој не не слуша.
Металци се исплашени за својата иднина. Велат, неизвесноста околу иднината на фирмата прекина, но започна нова агонија за нивниот живот.
„Тешко, никако, динар воопшто немам дома. Мислам ова е вистината, со овие плати што не ги зедов, ми беа планирани за живеење, меѓутоа сега ги нема и тие.“
„Не можам јас да сфатам никако, никој за нас не води сметка. Едноставно ја ограбија фирмата, не оставија нас на улица и никој никому влакно не му фали од косата“,
Тече рокот за пријавување на нивните побарувања, така да ќе ги пријавиме нивните побарувања од 4 плати и придонесите кои што се некаде околу 6 години неисплатени. Дали ќе продолжи да работи „Металец“ не зависи од работниците.