Достапни линкови

БиХ: Негативно за Мадридската Декларација


Сараево средба на лидери на СДА и ХДЗ
Сараево средба на лидери на СДА и ХДЗ
Лидери на БиХ треба да се стават потпис дека тие се свесни за желбите на граѓаните за мирна, стабилна и просперитетна иднина, обединети во вредностите на демократијата, помирувањето, социјална правда, и за потврда на територијалниот интегритет на БиХ и на правото на нејзините ентитети да уживаат во нивните уставни статуси.
Во исто време, тие треба да воведат уставни промени со кои ќе се обезбеди заштита на човековите права и со кои ќе се подобри функционалноста и ефикасноста на институциите на Претседателството на БиХ и на Советот на министри со цел да се олесни процесот на евро-атлантска интеграција.
Но, иако мадридската декларацијата подготвена од шпанското претседателство на ЕУ не беше официјално претставена, политичките лидери веќе имаат свое мислење.
Премиерот на Република Српска Милорад Додик изјави:

„За нас не е прифатливо, ако со Уставот се бара да се воведе сето она што беше присилно префрлено на ниво на Босна и Херцеговина и да се доведе во прашање ентитетското гласање.“

Дури и Претседател на СДА Сулејман Тихиќ, кој е за промена на Уставот, овој пат има негативен став за Декларацијата за која вели дека е обична козметиката.

Божо Љубиќ и Сулејман Тихиќ


„И ние не сме за таква дедекаларација бидејки такви декларација досега имаме потпишано повеќе пати, од онаа во Вашингтон пред Кондолиза Рајс, па до оние декаларции кои значеа пренос и воспоставување на власта во БиХ.“

Претседателот на ХДЗ „1990“ Божо Љубиќ пак вели:

„Убеден сум дека со конструктивен дијалог, не можеме да изгубиме ништо, а колку ќе добиеме - ќе видиме.“

Средбата на политичките лидери на Босна и Херцеговина со преставниците на Европската унија и на американската администрација, во која главната тема е Мадридската Декларацијата е закажана за 6 и 7 април. Познавачите велат дека доколку лидерите не го стават својот потпис ќе се потврди дека со нив на власт, Босна и Херцеговина тешко дека ќе стане дел од Европската унија.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG