Достапни линкови

Дејтон -14 години потоа


Воената база - Бутмир
Воената база - Бутмир
„Во ваква ситуација, подобар мир не можеше да биде постигнат. Господ ни е сведок дека направивме се што е во наша моќ да ја намалиме неправдата врз нашата земја и нашиот народ“

Од оваа реченица на првиот претседател на Бих Алија Изетбеговиќ дадена по потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор минаа 14 години. Во меѓувреме многу се случи, но малку се промени на поарно во Босна и Херцеговина или како што вели социологот Хидајет Реповац – патот напред е непознат.

„Босна и Херцеговина е трагично подрачје во секоја смисла. Се уште не ги знаеме вистинските излези, немаме пат. Едноставно немаме пат како да се интегрираме во светот кој достигна слобода и некаков повисок степен на демократско општество“.
Се уште не ги знаеме вистинските излези, немаме пат. Едноставно, не знаеме како да се интегрираме во светот кој достигна слобода и некаков повисок степен на демократско општество

14 години од потпишувањето на Дејтонскиот договор со кој заврши три ипол годишната крвава војна во Босна и Херцеговина во земјата се доживува различно. Таа е нефункционална држава барем кога станува збор за евро –атланските интегративни процеси. За политичарите во Република Српска Дејтонскиот договор е светост, за бошњаците тој е надминат, а хрватите пак се жалат дека се оштетени, бидејки не добија свој ентитет. Премиерот на Република Српска се почесто по прогласувањето на независноста на Косово споменува референдум за позицијата на србите во БиХ. Односите со Белград се засилуваат, поради што некои сметаат дека на тој начин се настојува да се компензира губењето на Косово со територија во Босна.
Меѓународната заедница се обидува да ја деблоира ситуацијата со цел БиХ да стане функционална држава, и засилено да се движи кон евро-атланските интеграции. Повекето обиди, како на на пример таканаречените Бутмирски разговори за уставни промени и реформи во Босна, засега не вродија со плод. Професорот на американскиот универзитет Тафт, Брус Хичнер, кој е и директор на проектот Дејтонски договор, не смета дека напорите на Меѓународната заедница пропаднаа.

„Нема докази дека пропадна обидот на Меѓународната заедница да се помогне во постигнување договор меѓу домашните актери во Босна. Напротив, би се рекло дека тивко зад сцена има резултати. Напредок е можен ако Меѓународната заедница игра конструктивна посредничка улога“.


ЕУ и САД предложија пакет 5 плус 2 чие исполнување би водело кон затворање на Канцеларијата на Межународниот преставник што би значело дека институциите во земјата се способни сами да си ги решаваат проблемите.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG