Со години не е преземена поширока активност за детално чистење на речните корита и каналската мрежа во најголемата рамница во државата, Пелагонија.Како последица на ваквата негрижа, житницата која дава најмногу лебно зрно во Македонија, со денови тоне во вода. Неисчистените корита, затнати со ѓубре и вегетација, немаат моќ да го прифатат енормното количество на вода од обилните вренжи и топењето на снегот, па таа останува по нивите. Земјоделците стваруваат дека житото ќе им сакапе, а надојдената вода ќе им ги урне куќите.
,,Се внатре е во вода, компири, грав, кромид се што имавме во визбата. Нивите исто се под вода, седумдесет проценти од житото е под вода."
,,Кајчиња треба да купиме за да излеземе на суво. Нема канализација, истек нема, водата ми е до куќа. Ќе сакапи од водата ќе падне. Жито имам во кошарата и тоа ќе скапе."
,,Низ нивите нема каде да оди, а каде што течеше на времето низ едно каналче сега е затнато. Сега тоа е приватно место и не оставаат луѓето да минува од таму. Ако таму се направи канлче ќе се исцеди водата, ама не сакаат луѓето."
велат земјоделците. Деновиве поплавени се околу 8000 хектари обработлива површина, од кои половина во сопственост на земјоделскиот комбинат „Пелагонија“. Од таму се жалат дека плаќаат за одводнување, а водостопанското претпијатие не си ја врши работата.
,,Нема сторено ништо во делот на одводнувањето. Реката Црна 25 години не е исчистерна, а водениот талог над 1,20 метри е забележлив и сето тоа придонесува водостојот на Црна да го имаме секогаш над критичната точка односно над 1,80 метри. Тој водостој значи блокирање на сите реки и останатите канали."
изјави Тоде Лазаревски директор на работна единица Новаци.
Водостопанство веќе пет години е во ликвидација. Ликвидаторот Ицко Димовски вели дека состојбата е населедна.
,,Во претходниот период овие водостопански претпријатија не ја вршеа адекватно својата дејност, доста беа запоставени речните корита. Кога почнавме со ликвидација ние многу поуспешно ја вршиме функцијата на одводнување, но ние не можиме во една, две години да ја исчистиме цела таа мрежа на водотеци околу 250 километри."
вели ликвидаторот на Водостопанство.
Се внатре е во вода, компири, грав, кромид се што имавме во визбата. Нивите исто се под вода, седумдесет проценти од житото е под вода
,,Се внатре е во вода, компири, грав, кромид се што имавме во визбата. Нивите исто се под вода, седумдесет проценти од житото е под вода."
,,Кајчиња треба да купиме за да излеземе на суво. Нема канализација, истек нема, водата ми е до куќа. Ќе сакапи од водата ќе падне. Жито имам во кошарата и тоа ќе скапе."
,,Низ нивите нема каде да оди, а каде што течеше на времето низ едно каналче сега е затнато. Сега тоа е приватно место и не оставаат луѓето да минува од таму. Ако таму се направи канлче ќе се исцеди водата, ама не сакаат луѓето."
велат земјоделците. Деновиве поплавени се околу 8000 хектари обработлива површина, од кои половина во сопственост на земјоделскиот комбинат „Пелагонија“. Од таму се жалат дека плаќаат за одводнување, а водостопанското претпијатие не си ја врши работата.
Нема сторено ништо во делот на одводнувањето. Реката Црна 25 години не е исчистерна, а водениот талог над 1,20 метри е забележлив и сето тоа придонесува водостојот на Црна да го имаме секогаш над критичната точка односно над 1,80 метри