Специјализираната екипа за заштита и спасување при Подрачното одделение на државната Дирекција за заштита и спасување успешно ја завршила акцијата во две поплавени општини во Албанија, вели Драган Димковиќ раководител на Одделението. Заедно со спасувачките екипи на Грција, Италија и Косово кумановската екипа првпат учествувала во меѓународна акција. Овој пат екипата била и добро опремена, раскажува Димковиќ.
,,Заедно со останатите тимови од другите градови нашата осумчлена екипа беше вклучена во тимот за спасување од поплави. Затоа имавме пумпа со голем капацитет од МЗТ од Скопје, со извлекување вода од 3 илјади литри во минута."
Кумановските спасители биле распоредени за спасување на населението во Општините Скадар и Тајч, односно на 9 илјади жители поплавени од реките Бојана и Дрим. Освен што ја исцрпувале надојдената вода во населбите, кумановци:
,,Паралалено со вадење вода од поплавените куќи и од подрумите, носевме и храна до населението добиена од помошта од Италија и евакуиравме деца, жени и стари лица. Возрасните мажи не сакаат да ги напуштаат куќите, па на нив им носевме храна."
Димковиќ додава дека во спасувачките чамци транспортирале и ситен добиток. Поплавеното население според Димковиќ им било многу благодарно и:
,,Не примија многу госторпимливо. Нудеа чај и кафе и не примија многу топло."
Кумановското одделение за заштита и спасување последните три години било вклучено и во пожарите и земјотресот во Дојран, Скопје, Куманово, Струмица, Гостивар и Македонски Брод. Меѓутоа она што на оваа екипа ќе и остане во сеќавање е нивниот загрозен живот кога откажал моторот на чамецот,а водената стихија екипата ја заробила во дрвја.
,,Ќе се запалеше моторот, а по пет поминати метри повторно се гаснеше. Се смрзнавме и бевме принудени да бараме помош."
раскажува Димковиќ.
Во Подрачното одделение за сапсување и заштита постои и инспекциски надзор за што инспекторот Станислав Илиќ вели:
,,Задолжени сме за државната управа, ЈП,установи и служби,кои редовно ги контролираме. Законот предвидува заштита и спасување од пожари, експлозии, опасни материи, санации и прва медицинска помош. За среќа до сега во Куманово не сме имале проблеми."
Вели инспекторот Илиќ и додава дека сите што се под нивен надзор ги почитуваат законските рамки.
Заедно со останатите тимови од другите градови нашата осумчлена екипа беше вклучена во тимот за спасување од поплави
,,Заедно со останатите тимови од другите градови нашата осумчлена екипа беше вклучена во тимот за спасување од поплави. Затоа имавме пумпа со голем капацитет од МЗТ од Скопје, со извлекување вода од 3 илјади литри во минута."
Кумановските спасители биле распоредени за спасување на населението во Општините Скадар и Тајч, односно на 9 илјади жители поплавени од реките Бојана и Дрим. Освен што ја исцрпувале надојдената вода во населбите, кумановци:
,,Паралалено со вадење вода од поплавените куќи и од подрумите, носевме и храна до населението добиена од помошта од Италија и евакуиравме деца, жени и стари лица. Возрасните мажи не сакаат да ги напуштаат куќите, па на нив им носевме храна."
Паралалено со вадење вода од поплавените куќи, од подрумите, носевме и храна до населението добиена од помошта од Италија и евакуиравме деца, жени и стари лица