Социологот, професор Антоанела Петковска вели дека стравот на луѓето не е нерационален.
„Очигледно е дека луѓето мислат дека е подобро да бидат повлечени отколку да покажат отворено незадоволство од некакви системски решенија или да покажат дека не се задоволни од начинот на кој се практицира власта. Мислам дека оваа ситуација ескалира се повеќе иако не е ексклузивна за периодот во кој живееме, ама достигна некој максимум и се плашам дека ќе создаде една генерална недоверба кон власта без оглед од каква проминенција е таа.“
Според резултатите од неодамнешната анкета на граѓанската асоцијација АГТИС, две третини од испитаниците одговориле дека се плашат да ги критикуваат институциите на власта, оти може да го изгубат работното место.
Претседателот на АГТИС Александар Цветкоски вели дека има неколку причини за стравот, да се зборува против власта. Причините ги лоцира во комунистичкото минато и традицијата на кодошење, порозните институции, немањето независно судство, но и опортунизмот на луѓето. Јакнењето на слободата на говор во голема мера зависи притисокот што ќе го врши невладиниот сектор. Не може да се потпреме на политичките елити, вели Цветкоски.
„Тие сигурно нема да имаат волја, нивна улога не е да ја развиваат демократијата, туку да ја освојат власта.“
Цветкоски вели дека и непрецизните законски регулативи им даваат одврзани раце на властите.
„Немате вие една енумерација за што може инспектор да казни некој мал стопанственик или човек на работно место, затоа што актите се многу општи, на пример што значи неисполнување на хигиенско технички услови, инспекторот може да си напише што сака.“
Тој вели дека политичките партии се обидуваат да го злоупотребат граѓанското мислење, па поради страв од злоупотреба, граѓаните немаат волја да го изразат ставот.
„Затоа и во анкетата мене не ме изненади едно мислење дека граѓаните мислат дека зад секое собирање стои некоја политичка партија. Што во одредена доза е и точно.“
Сепак, иако бавно, работите се движат на подобро, вели тој.
„Радува што кога се работи за лични примери, лични проблеми тие одат до крај, и веќе почнаа да добиваат судски спорови против државата. Можеби тоа е еден никулец врз којшто треба да се гради.“
Цветковски вели дека проблемот со слобода на говор е повеќеслоен и треба повеќе време за луѓето да се охрабрат и да почнат јавно да зборуваат.
Очигледно е дека луѓето мислат дека е подобро да бидат повлечени отколку да покажат отворено незадоволство од некакви системски решенија или да покажат дека не се задоволни од начинот на кој се практицира власта. Мислам дека оваа ситуација ескалира се повеќе иако не е ексклузивна за периодот во кој живееме, ама достигна некој максимум и се плашам дека ќе создаде една генерална недоверба кон власта без оглед од каква проминенција е таа.