Парите за пензии се префрлени на сметките на прензионерите, информираат од Министерството за финансии. Министерот за финансии Зоран Ставрески ги демантираше написите во дел од македонските медиуми дека пензионерите ќе немаат приливи пред божиќните празници:
Денеска сите средства ќе бидат префрлени на сметките на пензионерите, кој кога ќе ги подигне зависи
,,Денеска сите средства ќе бидат префрлени на сметките на пензионерите, кој кога ќе ги подигне зависи.“
Министерот за труд и социјална работа Џељал Бајрами додаде дека во текот на ланската година сите исплати навремено се регулирале:
,,Исто така и корисниците на постојана парична помош, навремено секој месец ги добиваа социјалните примања, тука се и корисниците за помош и нега на трето лице, каде што имаше задоцнување од неколку дена, но од технички причини.“
Буџетот е во добра кондиција, а Македонија има втор најнизок буџетски дефицит во Европа, информираше министерот Ставрески додека се уште траеше првата аукција на државни записи годинава. На аукцијата беа понудени шестмесечни државни записи со девизна клаузула со каматна стапка од 5,20 отсто. Ставрески нагласи дека оваа аукција не е поврзана со пензиите бидејки тие веќе се исплатени:
Уште повеќе јас најавив дека во однос на аукциите ќе одиме со намалување на износите, како политика, со цел помалку средства да истиснуваме од банките, односно да оставиме повеќе средства банките да пласираат во стопанството
,,Уште повеќе јас најавив дека во однос на аукциите ќе одиме со намалување на износите, како политика, со цел помалку средства да истиснуваме од банките, односно да оставиме повеќе средства банките да пласираат во стопанството. Се надеваме дека и Централната банка ќе ја следи истата политика, како надлежна институција во тој дел и дека на тој начин ќе успееме заедно со банките да ја постигнеме целта да се пласираат повеќе средства во стопанството.“
Минатата година државата организираше повеќе аукции на државни записи. Според пратеникот на опозициската СДСМ Марјанчо Николов, ваквиот метод за полнење на државната каса и на долг рок, не само што нема да ги поефтини кредитите, туку ќе предизвика и поголеми проблеми:
,,Доколку Владата продолжи со ваквата пракса, тоа ќе биде спротивно на нивната политика да ги намалат трезорските записи, да се намалат каматните стапки и на долг рок доколку се надмине проекцијата може да дојде до извесно пореметување на макроекономската стабилност.“
Актуелното поефтинување на кредитите за стопанството и граѓаните е базирано на проекции, вели Николов и додава дека ако и годинава се зачестат аукциите, мала е веројатноста дека кредитите и понатаму ќе поефтинуваат
,,Мислам дека таму некаде до март месеци фактите ќе се ориентираат на проекции, а потоа доколку навистина се подобри состојбата има шанси реално повеќе да ги намалат каматите, но доколку се продолжи со ваквата политика или состојба во економијата, за жал нема да има намалување на каматните стапки од страна на банките.“