По две години интензивни преговори, претставници од 192 земји во данскиот главен град, од 7-ми овој месец разговараат за договорот за намалување на емисиите на штетните гасови со цел да се запре растот на температурата, зголемувањето на нивото на морињата и ширењето на пустините. Договорот од Копенхаген би требало да претставува основа за новиот пакт за намалување на глобалното затоплување што ќе го наследи Протоколот од Кјото, чија важност истекува во 2012 година. Предлогот до 2050 година да се преполови светската емисија на штетни гасови има за цел и делумно да го премости големиот јаз меѓу богатите и сиромашни држави.
Политика за сопствени цели
Рускиот претседател Дмитриј Медведев ја постави оваа порака на неговата официјална веб страница.
"Мислам дека треба да користиме различен пристап во одредувањето на обврските на развиените и на земјите во развој. Сите ние сме во различни ситуации. Овие обврски не смеат да дојдат во судир со економските приоритети за развој на секоја земја."
Забелешките на Медведев дојдоа откако Кина на Самитот си првезеде улога на предводник на замјите во развој. Ова изненади, бидејќи Русија, и се повеќе Кина, се сметаат за дел од индустриски развиените земји кои пак токму тие ги критикуваат. Тоа доведе до недоверба дека земјите ја користат политиката за да наметнат свои услови за тоа како тие ќе ги намалуваат штетните индустриски гасови. Кина, на пример вели дека ќе плати сопствени програми за да дојде во енергетски поефикасни технологии, а одбива да прифати каква било контрола на овие напори. И така повекето од земјите побараа посебен третман или големи финансиски трансфери од богатите земји за да се префрлаат на таканаречени зелени технологии.
Шанси за успех
На крајот беше постигната согласност на Конференцијата да се формираат парови на министрите од богатите и сиромашните земји во обид да се премостат разликите. Британскиот премиер Гордон Браун изјави дека станува збор за тешки и комплексни преговори.
„Мислам дека е многу важно да осознаеме дека мора да работиме заедно врз планот кој ке се соочи со прашања од критична важност“.
Претседател Барак Обама очекува на самитот во Копенхаген да биде постигнат оперативен договор кој има смисла за борба против климатските промени, изјави портпаролот Роберт Гибс.
„Претседателот верува дека ние можеме да постигнеме, како што реков, оперативен договор што има смисла во Копенхаген“.
Сето ова укажува, според познавачите, дека договор за климатските промени може да се постигне во Копенхаген и полесно отколку кога стануваше збор за Протоколот од Кјото пред 12 години. Освен тоа Кјото, никогаш не беше ратификуван од страна на двете земји најголеми загадувачи во светот: Кина и САД поради загриженоста дека тоа ќе го забави нивниот економски раст. Во текот на Конференцијата во Копенхаген се одржуваа демонстрации на кои се бараше постигнување глобален договор за заштита на планетата Земја