Формула балетскиот проект на нашата Искра Шукарова и партнерот Дејан Срхој од Словенија беше одбран од еминентниот кореограф Јозеф Наџ како еден од трите од 400-тините пријавени од целиот свет за неговиот Интернационален фестивал на современ танц кој од 2 до 10 декември се случуваше во Траверс, Франција. За таа цел Шукарова и Срхој на оваа копродукција помеѓу Локомотива – центарот за нови иницијативи во културата и во уметноста, МОБ и Кореографскиот центар на Наџ, работеа во текот на септември, а делото на два пати и беше претставено на публиката во деновите од изминатиот викенд. Драматург на претставата е Ана Вујановиќ, извршен продуцент Биљана Тануровска Ќулавковски, а костимите се на уметницата Афердита Кики.
,,Формула е едно комплексно дело во смисла на неговата структура, бидејќи самото коавторство меѓу мене и Дејан Срхој бара изнаоѓање на сама средина авторска и во движечка и кореографска смисла”
истакнува Искра Шукарова. На оваа манифестација беа присутни и бројни продуценти на фестивалите од светот со цел да селектираат иновативни современи танцови дела кои подоцна ќе бидат прикажани на интернационалната сцена. Од таму за реакциите по одржаната премиера на Формула и особено за можностите проектот догодина да го видат љубителите на танцот во Европа, кореографката со дополна:
,,Реакциите на публиката беа мошне позитивни, потоа исто така имаше, а дојдоа и повеќемина продуценти, така што сега сме поканети во Германија, Португалија и Хрватска и секако на многу фестивали во самата Франција бидејќи има огромна танцова современа сцена”
Проектот е подржан од министерствата за култура на Франција, Словенија и Македонија и од градот Љубљана, а македонската премиера е планирано да се обистини во првата половина на 2010 година. Во очекување на ова претставување Шукарова наскоро ќе започне и со подготовките на новиот танцов перформанс со Американката Урсула Игли.
,,Ќе работиме на истражување на телесни содржини коишто потоа ќе бидат преточени во проект, во моментот кога доаѓаат да се запознаат со она што значи нашата сцена и исто така да видиме од каде ќе тргне таа наша авторска соработка. Сметам дека ќе биде интересно, затоа што сцената во САД е сосема поинаква одошто на нашите балкански простори”
вели кореографката.
Сега сме поканети да гостуваме во Португалија, Германија и Хрватска, како и на многу фестивали во Франција