Достапни линкови

Донации за дневниот центар ,,Порака"


Скопје
Скопје

Дневниот центар „Порака“ за лица со интелектуална попреченост над 18 годишна возраст деновиве го одбележа третиот роденден.

Дваесетина лица со интелектуална попреченост над 18-годишна возраст, корисници на Дневниот центар“Порака“во Куманово, деновиве го одбележаа третиот роденден на центарот и Меѓународниот ден за лицата од оваа категорија. Тие подготвија и своја програма, а добија и подароци. Подароци за насмевка и топла прегратка врачија повеќе донатори, меѓу кои се и политичарите. Разгранокот на ВМРО-ДПМНЕ двојниот празник го честита со:
Оваа работа треба да се сака.Таа исполнува.Некои од децата немаат посетувано специјални училишта.Ние работиме и на социјализација и имаме постигнато видни резултати

,,Мала донација која ќе ги измами насмевките. Донацијата се состои од прехранбени артикли и средства за хигиена.„

Изјави Бобан Николовски советник во општинскиот совет од ВМРО-ДПМНЕ.Оваа партија во Куманово е опозициона,а дневниот центар е под ингеренциите на сдсмовската локална самоуправа. Дали ова ќе биде востановена пракса на партијата,или е инцидентно и дали е своевиден натпревар со нивниот опоненет пратеникот Петар Поп Арсов со одговор:

,,Добро е кога има натпревар кога им се помага на луѓето.Тогаш ќе имаме повеќе помош за овие групи граѓани.Не е натпревар. Не е инцидентно.Ние редовно сме во посета на оваа установа и помагаме во рамките на нашите можности.Локалната самоуправа е најповикана да се грижи за потребите на сите граѓани,затоа е процесот на децентрализацијата,за да таа има увид во се. ВМРО-ДПМНЕ е централна власт и ние ги користиме нашите позиции со скромна помош да помогнеме.„

А Дејан Стојановски кој три години како педагог работи со овие лица вели:

,,Оваа работа треба да се сака.Таа исполнува.Некои од децата немаат посетувано специјални училишта.Ние работиме и на социјализација и имаме постигнато видни резултати.„

За три години социјализацијата е на повисоко ниво. Активностите продолжуваат.

,,Сега социјализацијата е на повисок степен од почетокот. Глвната цел е како тие ќе бидат прифатени во средината.„
Сега социјализацијата е на повисок степен од почетокот. Глвната цел е како тие ќе бидат прифатени во средината

Во што се гледа напредокот?

„За некого ќе изгледа смешно ова што ќе го кажам. Но,ние овдека децата ги оспособуваме за самостоен живот. Најмногу работиме на практични активности за да можат да се снајдат во иднина кога ќе останат без нивните родители. Практично ги учиме миење раце,подготвување нешто за ручек,употреба на пари,пазарење,врзување на врвки,одржување на лична хигиена.„

Објасни Светлана Димитриевска социјален работник.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG