Прилепчанецот Столе Јованоски, долгогодишен тутунопроизводител, кооперант на велешката откупна фирма „Центро-табак„ годинава порано предаде дел од реколтата со тутун, зашто откупот почна навреме. Тој е задоволен од процената, но не и од цените на тутунот. Првите 400 килограми ги предал по просечна откупна цена од 123 денари.
,,Цените да ги зголемат, не на кецот да даваат пари, да даваат на тројката на Б-тројката кај што ги даваат класите. Тука нас не боли, класите ако ти чини тутунот ќе ти даде класа, ако не ти чини тутунот, што?"
Задоволни се и тутунарите кои го предадоа родот во откупната станица на Тутунски Комбинат. Дуко Насески вели го предал тутунот по цена од 190 денари за килограм. Вели дека нивата годинава потфрлила, па наместо планираните 500 собрал малку повеќе од 400 килограми тутун, но сепак тој ќе ги оствари плановите со парите од тутунот.
,,Ако оди вака како денеска, јас 35 години сум во Комбинатов, ме бендисува. Незадоволен од нивата нешто сум, инаку преку 500 килограми вадам од истата нива."
Дел тутунари се задоволни од проценката на родот, а дел го оспоруваат откупот, инсистирајќи надлежните инспекции да извршат контрола, во присуство на поверениците, претставници од тутунските здруженија кои според законот за тутун, треба задолжително да бидат присутни на откупните места. Засега откуп вршат:Тутунски Комбинат, Струмица-табак и Центро-табак, но кооперантскидоговори имаат склучено и Соко-мак и Алијанса 1. Во Комбинатот и покрај инсистирањето не добивме информација за откупната политика во оваа кампања. Колку количества тутун ќе бидат преземени и како ќе тече исплатата се отворени прашања, а директорот Жарко Христоски беше презафатен да ги одговори. И од пунктот на Струмица-табак категорино одбиваат да дадат каква било информација. А на пунктот на Центро-табак велат дека се врши откуп со солиден квалитет, без проблеми и забелешки.
,,Помина 186 едниот тутун, а другиот тутун помина 174. Производителите тие што донесоа беа задоволни, па сега натаму не знам.Ќе има, конкуренција има голема, комбинатите се борат за да земат тутун,па сега ќе видиме како ќе биде."
вели Снежана Макалоска, контролор од Центро-табак. Од таму информираат дека исплатата ќе се врши по 5 дена од денот на предавањето.Со почетокот на идниот месец, во Прилепско ќе бидат отворени вкупно 7 пункта само од оваа откупна фирма.Познавачите на приликите потврдуваат дека конкуренцијата меѓу откупните фирми очевидно ја зголемува откупната цена на пазарот.Според анализите на квалитетот на родот и исплатата на ветената премија од 60 денари за килограм тутун,годинава ќе им се исплати маката на тутунарите. Инаку, реколтата во Прилепско е тешка околу 11.000 тони или речиси половина од вкупното тутунопроизводство во државава.
Производителите тие што донесоа беа задоволни, па сега натаму не знам. Ќе има, конкуренција има голема, комбинатите се борат за да земат тутун, па сега ќе видиме како ќе биде
,,Цените да ги зголемат, не на кецот да даваат пари, да даваат на тројката на Б-тројката кај што ги даваат класите. Тука нас не боли, класите ако ти чини тутунот ќе ти даде класа, ако не ти чини тутунот, што?"
Задоволни се и тутунарите кои го предадоа родот во откупната станица на Тутунски Комбинат. Дуко Насески вели го предал тутунот по цена од 190 денари за килограм. Вели дека нивата годинава потфрлила, па наместо планираните 500 собрал малку повеќе од 400 килограми тутун, но сепак тој ќе ги оствари плановите со парите од тутунот.
,,Ако оди вака како денеска, јас 35 години сум во Комбинатов, ме бендисува. Незадоволен од нивата нешто сум, инаку преку 500 килограми вадам од истата нива."
Дел тутунари се задоволни од проценката на родот, а дел го оспоруваат откупот, инсистирајќи надлежните инспекции да извршат контрола, во присуство на поверениците, претставници од тутунските здруженија кои според законот за тутун, треба задолжително да бидат присутни на откупните места. Засега откуп вршат:Тутунски Комбинат, Струмица-табак и Центро-табак, но кооперантски
Ако оди вака како денеска, јас 35 години сум во Комбинатов, ме бендисува