Парите од буџетот за 2010 година Владата треба повеќе да внимава на што ги троши и да ги насочи во изградбата на патишта, а помалку во изграбата на културни споменици велат дел од партиите. Министерот за финансии Зоран Ставревски изјави дека со новиот буџет се предвидува 2 проценти раст, 2 проценти инфлација и буџетскки дефицит од 2,5 проценти. Тие очекуваат и стабилен девизен курс на денарот, а буџетот ќе се подобри со тоа што ќе се зголемат инвестициите и тоа ќе резултира со повеќе пари во стопанството. На Македонија и треба реален буџет со реални приходи, но сепак најголем акцент треба да се стави на што ќе се трошат парите од буџетот, вели Зоран Јовановски од опозициската СДСМ.
,,Не на било какви капитални расходи, туку на оние кои што суштински го поддржуваат екононскиот развој. Значи не инвестции во споменици, туку инвестиции во инфраструктура, енергетски капацитети, образование".
Владата не треба да ги троши парите на нејзин маркетинг, како и на изградба на кутурни објекти, туку на проекти од кои земјава навистина има потреба, вели Аријанит Хоџа од Нова Демократија.
,,Мислам дека Владата треба да се осврне во инвестиција на изградба на нови патишта во општините каде што нема инфраструктура, да се фокусира повеќе на економскиот развој."
Она што треба да се направи е да се елиминираат сите нерационални трошоци, наспроти вистинските, кои се во функција на развојот на домашната економија вели Слободан Најдовски од ЛДП.
,,Мора да се престане со задолжување од страна на Владата за финансирање на тековните расходи на државата. Ова што сега се случува каде што се исцрпуваат финансиски средства од банките, се купуваат исцрпуваат средствата од јавни претпријатија и институции формирани од Владата кои што располагаат со сопствени средства, тоа е навистина недозволиво за идната година."
Буџетот веќе влезе во владина процедура и треба да биде усвоен од страна на пратениците до средината на декември.
Не на било какви капитални расходи, туку на оние кои што суштински го поддржуваат екононскиот развој. Значи не инвестции во споменици, туку инвестиции во инфраструктура, енергетски капацитети, образование