„Ноемвриски денови“ е едномесечната манифестација која локалната самоуправа и ја посветува на својот град и Куманово како најголема локална самоуправа во државава. Советниците од општинскиот Совет и од партиите на власта и од опозицијата го подржаа предлогот на локалната администрација и на градоначалникот Зоран Дамјановски, за што од буџетот ќе бидат издвоени два милиона и 700 илјади денари.Со културни, забавни, музички, спортски активности, но и со дебати на разни теми и од разни етникуми, а и со голем огномет на Градскиот плоштад, според Жика Крстевски од Секторот за култура ќе се овозможи:
"На младите генерации кои ќе ја имаат честа да го прослават 500-от роденден да ја збогатуваат програмата. А тој роденден одпетвековното постоење на Куманово да биде одбележан на достоинствен начин."
Бобан Николовски советник од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ вели дека:
"Куманово го заслужува тоа. Но, му недостасува добра инфраструктура, комунална хигиена, да заличи на европска метропола."
Пензионерот Радомир Каровски како роден кумановец вели дека во 1945 година Куманово броело само 17 илјади жители, а сега тоа е најголема општина. Од некогашен индустриски град транзицијата си го земала својот данок, но сепак:
"Градот е многу убав. Имаме најубав центар. Десет години до јубилејот не се ни многу ни малку, темпото е брзо за изградба, а Куманово секогаш било прогресивно."
За наставничката Марина Манојловска Куманово има многу проблеми кои треба да ги решава.Да го намали сообраќајниот метеж со подземни катни гаражи, да се урбанизираат приградските населби. Но, навраќајки се на својата младост,
,,Можеби е носталгија за начинот на кој живеевме во младоста. Се забавувавме поинаку и поинаку ја доживувавме својата иднина. Од тој период остана само надеж. Транзицијата и урбаното живеење однесоа многу вредности."
За денешната младина Манојловска вели:
,,Младите имаат малку простор за забава, рекреација, културно живеење, зашто кафулињата не се единственото место за забава."
Локалната самоуправа веќе ги започна активностите за одбројување на последната деценија до 500-от роденден, но и веројатно за исполнување на повеќето желби на своите граѓани.
"На младите генерации кои ќе ја имаат честа да го прослават 500-от роденден да ја збогатуваат програмата. А тој роденден од
А тој роденден од петвековното постоење на Куманово да биде одбележан на достоинствен начин
Бобан Николовски советник од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ вели дека:
"Куманово го заслужува тоа. Но, му недостасува добра инфраструктура, комунална хигиена, да заличи на европска метропола."
Пензионерот Радомир Каровски како роден кумановец вели дека во 1945 година Куманово броело само 17 илјади жители, а сега тоа е најголема општина. Од некогашен индустриски град транзицијата си го земала својот данок, но сепак:
"Градот е многу убав. Имаме најубав центар. Десет години до јубилејот не се ни многу ни малку, темпото е брзо за изградба, а Куманово
Градот е многу убав. Имаме најубав центар. Десет години до јубилејот не се ни многу ни малку, темпото е брзо за изградба, а Куманово секогаш било прогресивно