Достапни линкови

Дневен печат - Позитивен извештај од Брисел


Најактуелно во дневните весници е објавувањето на извештајот од ЕК за Македонија. Се прават анализи за ,,пораката" од Брисел, односно поврзаноста на решавањето на името со отпочнувањето на преговори со ЕУ.

Позитивниот извештај на Европската Комисија за Македонија, разбирливо, ги зафати првите минути од вестите во сите електронски и првите страници на печатените медиуми. ,,Дневник,, информацијата од Брисел ја објавува со интересен налов:,,Препорака со порака,,, алудирајќи на зборовите на Рен и на дел од текстот на документот, дека сега е навистина посуштествено и поитно да се реши проблемот со името. Во дописот од Брисел се вели дека ,,како што и се очекуваше, ЕК не даде ни датум,ни временска рамка во која препорачаните преговори со ЕУ би тебало да почнат,,. ,,Дневник,, од свои извори исто така објавува дека пресот на Оли Рен доцнел речиси еден час, заради договарањата зад затворена врата на европските комесари токму поради формулациите во извештајот за Македонија. Во ,,Вечер,, на насловната страница веста од Брисел е објавена под наслов ,,Македонија ќе преговара со ЕУ без услови,, и со фотографија на премиерот Груевски со неколкумина негови министри како ,седнати на маса наздравуваат за добриот абер од Брисел. Во текстот од средата ,,Време,, пишува дека многу сигнали навестуваат дека Атина немала да го прифати позитивниот извештај на ЕК за земјава и објавува дека шефот на дипломатијата Милошоски и вицепремиерот за евроинтеграции Наумовски на ден пред објавувањето на Извештајот, речиси тајно биле на средби во Брисел и оти се сретнале со Оли Рен. Паралелно со добрата вест од Брисел, опозицискиот ,,Утрински,, од својот дописник од главниот европски град го објавува извештајот на Европскиот суд за ревизија, објавен, како што пишува, ,,случајно или не во лош тајминг за Македонија,,. Во него се наведува дека Македонија заедно со Албанија се шампиони во партизацијата во земјите од Западен Балкан. Како пример Судот ја навел состојбата во полицијата каде што од 30 раководни функции , по изборите во 2006, имало промени имало во 28, што, оценил Судот за ревизија во Брисел, е смена на кадарот за 98 насто. Минатонеделната топ-тема, проектот Македонска енциклопедија, неделава како да стивна со одржувањето на вонредното заседание на МАНУ на кое академиците, по три ипол часовна расправа одлучиле, како што пренесоа главно, опзициските пишани медиуми , енциклопедијата да не се повлече целосно туку само да се направат исправки во спорните одредници. Тешките прашања за одговорноста на главниот редактор, академик Блаже Ристовски и на целиот тим на редакцијата на спорното дело, го цитираат медиумите претседателот на Академијата, Старделов ги оставиле да ги решат на продолжение на седницата неделава.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG