Достапни линкови

Се подготвува есенската сеидба


Подготвен е семенски материјал, бидејќи земјоделците се подготуваат за есенската сеидба на житните култури, Тие се надеваат дека годинава нема да имаат проблеми со мелничарите и откупните цени.

Здружението на земјоделските производители од Куманово за своите членови и симпатизери интензивно работи на реализирање на однапред изготвена програма. Во овој период освен што е во тек гроздоберот, земјоделците ги подготвуваат своите површини за есенската сеидба на житните култури, вели Нако Николовски од кумановското Здружение.

,,Набавивме и подготвивме семенски материјал за нашите членови.Однапред сме договориле која сорта и кое количество од сортното семе е неопходно.Од наредната година се очекува и субвенциите за семенскиот материјал да бидат повисоки. Така е предложено и најавено.“

Вели Николовски.Според него Здружението освен што практично им помага на своите членови и симпатизери или соработници, тоа
Набавивме и подготвивме семенски материјал за нашите членови.Однапред сме договориле која сорта и кое количество од сортното семе е неопходно.Од наредната година се очекува и субвенциите за семенскиот материјал да бидат повисоки. Така е предложено и најавено
во континуитет им организира и едукативни предавања, односно семинари.

,,Одржуваме семинари за обработка и подготвока на почвата,за избирање на семенски материјал.Исто така и во постбербениот период за подготвка на лозјата за идната година,бидејќи производителите не обрнуваат доволно внимание на тоа.“

Николовски вели дека Здружението моментно има 850 членови индивидуални земјоделски производители,а од две до три илјади соработници и тоа од цела Македонија.И тие кога бараат помош или совети,дури и услуги,Здружението им помага. Меѓутоа,во овој период од годината според Николовски:

,,Најголем проблем е со житариците.Некои го предадоа житото во мелниците но не земаа пари.Така е и со грозјето,со тутунот,со индустрискиот пипер.Откупувачите првин кажуваат една цена, а кога треба да плаќаат, ја менуваат.“

И покрај тоа што земјоделците бараат совети и посетуваат семинари за едукација и современ начин на земјоделското производство, нивниот ментален склоп тешко се менува, но Николовски за ова со објаснување.

,,Откупувачите не го менуваат, не ги почитуваат договорите до крај.Судските органи не ги решаваат случаите за еден месец,туку ги развлекуваат за 5-6 години,а за земјоделците тоа е голема штета.“

Земјоделците пак редовно ја раскажуваат нивната приказна, за која велат дека веќе и на нив им е здодевна, оти ништо не се менува.

,,Лоша работа е со земјоделието. Пченицата е 8 денари по килограм и никој не дава пари. Млекотое 14 денари,а и за тоа не условуваат. На пример,не го откупуваат во недела,прават паузи, па го враќаат наводно имало вода... Од сите страни сардисани и оди па живеј.“

Вели еден од кумановските земјоделци.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG