Достапни линкови

Пиперката замена за прилепскиот тутун?


Земјоделска површина
Земјоделска површина

Во Прилеп експериментално е произведена поквалитетна, еколошки чиста индустриска пиперка наменета за фармерско производство со повисок принос. Може ли овој вид на пиперка да стане замена за прилепскиот тутун?

Поквалитетна, еколошки чиста индустриска пиперка наменета за фармерско производство со повисок принос, експериментално е произведена во нивата на прилепскиот земјоделец Горан Сливоски на површина од еден декар. Овој опит на регионалната развојна агенција Пелагонија –Преда покажува дека индустриската пиперка која е произведена на овој посовремен начин со примена на современа технологија, намалено количество ѓубрива и контрола на поливањето може да стане конкурентски земјоделски производ и да го замени тутунот на плодното прилепски поле.

,,Прогноза, би требало да има 20-30% поголеми приноси. Од класичното беревме 2,5 тона, од ова можеме да очекуваме до 3 од декар. Со ваков начин на производство може да се одгледува на повеќе површина со помалку работна сила."

Вели Сливоски. Овој современ начин на работа според експертите им се исплаќа само на големите преработувачи и откупувачи на пиперка, а не на индивидуалните земјоделци. Затоа инвестицијата е исплатлива ако се реализирана површина од над 20 хектари.

,,Ние имаме расцепкано производство со мали површини, секако дека ќе биде многу поисплатливо и многу поефтино производство на крај во колку една машина биде за повеќе производители.Треба да се оди кон окрупнување.Треба да го најдат заедничкиот интерес
Идејата беше со овој демонстративен опит да се докаже дека новите технологии може многу да придонесат во зголемување на приносите и квалитетот на пиперката
производителите и преработувачите."

вели д-р Рукие Агич од Земјоделскиот институт во Скопје кој е директно вклучен во реализацијата на овој експеримент. Експертите од таму велат дека овој експеримент е токму идеја на преработувачите:

,,Преработувачите би морале да воспостават постабилни врски со производителите на пиперка и дека мора да интензивира учеството на науката, на применетите истражувања во процесот на производство кое пак од своја страна по длабоки анализи што ги направивме резултираше со потреба од поголеми инвестиции, пред се во примарното производство."

истакнува д-р Гордана Попсимонова експертот на Земјоделскиот институт. Се очекува дека оваа новина ќе предизвика голем интерес кај земјоделците, особено кај преработувачите. А, од регионалната агенција Пелагонија –Преда подвлекуваат дека сите 9 општини од поширокиот регион финансиски го поддржале овој проект, а дел средства се обезбедени и преку Швајцарската агенција за развој и соработка, со советодавна поддршка на МААСП2 , Програмата за поддршка на советодавните услуги во земјоделството на Македонија:

,,Идејата беше со овој демонстративен опит да се докаже дека новите технологии може многу да придонесат во зголемување на приносите и квалитетот на пиперката."

вели Марјана Милевска, извршен директор на Преда.Во целиот проект беа вклучени и големите трговци и преработувачите,а Преда ќе спроведе обука на заинтересираните фармери за овој нов современ начин на производство.Во наредната сезона Преда ќе субвенционира 50% од ова производство на 30-тина фармери, односно на 30 парцели. Единствен услов е земјоделците да имаат склучени договори со откупувачите.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG