,,Глобус,, го насловува текстот како ,,Кукавичините јајца на академиците,, при што енциклопедијата ја нарекува научно промашување. Дали подметнувањето политички дискавалификации и шовинистички кукавичини јајца во едно научно дело со јасна цел да се предизвика инцидент, прашува ,,Глобус,, е дел од планот кој почна со мапите од 2001-та, од кои МАНУ се самоамнестира, ама академиците и си го одмолчеа обидот за менување на границите, а чија крајна цел е докажување на неможноста за заеднички живот на Македонците и Албанците? Не дека немаше и јуришнички изјави и изблици на омраза и кај дел од албанските политичари, но и во иднина, секогаш ќе се потенцира –кој прв почна, пишува неделникот за во меѓунаслов да заклучи, цитирам: ,,Груевски ќе мора конечно отворено да се изјасни за своите ставови (планови?) за иднината на Македонија на меѓуетнички план!,, потсетувајќи дека Владата е главниот инвеститор на проектот. На насловната страница на ,,Сега,, пишува: ,,Блаже прави војна,, а во подансловот дека ,,Академик Ристовски дрско ги продлабочува тензиите, по реакциите на неговиот енциклопедиски памфлет, академик Старделов молкум гледа како МАНУ станува САНУ( се мисли на улогата на Српската академија на науките во времето на Милошевиќ), а премиерот Груевски одбива да им се извини на Албанците и брка вештерки,,. Македонија опасно се пали, извикува ,,Сега,,. ,,Груевски го остави Блаже на цедило,,и ,,МАНУ ќе пишува Енциклопедија по мерка на Али Ахмети,, гласи насловната на ,,Фокус,, за во уводникот да напише дека ,,Голееемиот јунакГруевски е презадоволен од тоа што од вториот крах на МАНУ (потсетува на првиот во 2001-та со предлогот од некои академици за размена на територии и население меѓу Албанците и Македонците) не потона неговата коалиција со Ахмети, при што вели дека излегол подобар ученик од учителот Љупчо Георгиевски. Насловната страница на ,,Форум,, е посветена на пожарот во Бигорски, за во уводникот посветен и на Енциклопедијата, да прави благи алузии дека можеби е подметнат од Албанци, па, обраќајќи му се директно на Али Ахмети пишува дека не смее да се дозволи политичарите да бидат енциклопедисти, а енциклопедистите-политичари. ,,Форум,, во уводникот бара Албанците да застанат во одбрана на на заедничката вредност на манастирот и на пироманите што палат знамиња да им порачаат да не им паѓало напамет да сеат пожари наоколу и насекаде.
Насловните страници на трите неделници, ,,Сега,, ,,Глобус,, и ,,Фокус,, се коментари на ефектите на некои одредници во Македонска енциклопедија врз мултиетницизмот во Македонија и на позицијата на државава кај меѓународната научна и политичка јавност пред есенскиот извештај на Европската комисија за земјава.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете