Замената на уличните светилки на улиците Благој Ѓорев, Андон Шурков и во индустриската зона покажа дека се троши за неколку пати помалку електрична енергија, а се добива подобро улично осветлување. Локалната власт согледувајки ги резултатите реши проектот енергетска ефикасност да го спроведе низ целата градска мрежа. Интензивно се работи на промена на постоечките светилки со новите натриумови сијалици.
„Во тек е замена за светилките со економични светилки во делот од уличната мрежа така да сите оние места кои во моментов немаат адекватно осветлување фактички чекаат нови економични светилки и тоа е прасање на денови се работи за активност која се спроведува секој ден“
вели градоначалникот Горан Петров. Експертите пресмета дека новите светилки се за три пати поекономични потенцирајки дека за еден час старите трошеа и до 200 киловати додека новивте натриумови само 75 киловати електрична енергија. Со проектот енергетска ефикасност ќе бидат поставени нови линии за улично осветлување и во улиците кои сеуште се во мрак.
„Она што сакам да го напоменам тоа е мрежата на улично осветлување посебно во деловите од градот каде што има техничка можност а тоа не е направено, посебно во високите зони од градот уличното осветлување ќе биде целосно решено, јас се надевам што поскоро со замена на тие економски светилки за да оствариме и заштеда односно да ја направиме таа енергетска ефикасност“
вели градоначалникот Петров. Промената на уличните светилките ќе го чини 389 илјади евра. По пресетките на експертите се прогнозира дека оваа инвестиција Општината ќе ја отплати за нешто повеќе од 5 години. Досега покрај улиците Благој Ѓорев, Андон Шурков, индустриската зона со вакви сијалици осветлени се кејот на реката Вардар, Малото мовче но и улиците околу општинската зграда.
Она што сакам да го напоменам, тоа е мрежата на улично осветлување посебно во деловите од градот каде што има техничка можност, уличното осветлување ќе биде целосно решено, јас се надевам што поскоро со замена на тие економски светилки за да оствариме и заштеда односно да ја направиме таа енергетска ефикасност