Достапни линкови

Барање - Енциклопедијата на МАНУ да се повлече


Во реакциите се наведува дека во енциклопедија има тенденциозни содржини кои и не ја отсликуваат реалноста на сите народи кои живеат во земјава, особено не на Албанците. Пратеникот од ДУИ Џевад Адеми за Радио Слободна Европа изјави дека оваа публикација е неприфатлива, неточна, тенденциозна и шовинистичка во однос на албанците во Македонија“.

„Ако владата преку Министерството за Култура е спонзор, тогаш таа треба да реагира, да бара објаснување и да бара повлекување на оваа лажна Лажо копедија – бидејки тоа не може да биде наречено Енциклопедија“
Владата ако е спонзор треба да бара повлекување на оваа Лажокопедија - таа не може да биде наречена Енциклопедија

ДУИ ке бара Енциклопедијата да се повлече, а судски постапки против авторите и МАНУ пред домашните и меѓународните судови се најавуваат по рамазанскиот празник во понеделник, ни изјави Џевад Адеми. Денеска прес конференција одржа и Нова Демократија. Оваа партија побара повлекување на Енциклопедијата, бидејки таа била спротивна на постинувањата на меѓу етнички план. Во оваа енциклопедија меѓу другото пишува дека Албанците дошле во Македонија по 16-тиот век. Во неа тие се именуваат како Арбанас, Арнаути и Шиптари што во заграда е објаснето како “Планинци“ Според весникот Коха негативно реагирале и американската и британската амбасада на делот во Енциклопедијата во кој пишувало дека дека ОНА била обучувана од страна на американски и британски специјалци во конфликтната 2001.
Од енциклопедијата се дистанцирале и еден од наведените автори историчарот Шукри Рахими. Негира дека е дел од тимот на автори на книгата. Членот на МАНУ Али Алиу, побарал енциклопедијата да се забрани. Промоторите на енциклопедијата членовите на МАНУ тврдеа дека станува збор енциклопедија што донесува синтетизирани податоци, факти и аргументи за Македонија во историјата и во современоста.

  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG