Достапни линкови

(Не) комуникација на Владата со медиумите?


Зградата на Владата на РМ
Зградата на Владата на РМ

Експертите и дел од новинарите сметаат дека во Македонија не постои суштинска јавна дебата и ,,здрава“ комуникација во власта. Според некои новинари во земјата нема слобода на говор и власта врши бојкот и селекција на медиумите. Деновиве имаше неколку примери кога не беше одговорено на новинарски прашања.

Комуникологот Петар Aрсовски вели дека демократскиот стандард значи политичарите да се појавуваат во јавност и да одговарат на суштински политички и економски прашања.

„Значи секогаш кога политичарите одбиваат соочување или одбиваат да се појават во јавноста, секогаш е тоа прашање на некаква политичка стратегија. Или се плашат да не им се расипе имиџот или не се доволно подготвени за материјата која ја претставуваат или пак од ним својствени причини одлучуваат со тој медиум или тие новинари да не комуницираат.“
Значи секогаш кога политичарите одбиваат соочување или одбиваат да се појават во јавноста, секогаш е тоа прашање на некаква политичка стратегија


Експертите сметаат дека малкуте јавните дебати кои се организираат всушност се само фарса.Уредникот на информативната програма на Алфа Телевизија Ацо Кабранов вели дека сега засега не е поканет на одложената отворената емисија со Иванов:

„Имам резерва околу тие емисии. На една таква со премиерот сум учествувал и тогаш искрено сум се чувствувал многу мизерно, сум се чувствувал како декор и злоупотребен и мислам дека не би отишол повеќе на такви емисии, бидејќи тоа е само кога ним им треба, а кога ги прашуваат новинарите тие не одговараат. Ми се чини дека во такви режии не треба да влегуваме и јас лично за мене кажувам дека нема уште еднаш да прифатам такво нешто.“

Долгогодишен новинар и уредникот на дебатите на Студио 2 Александар Чомовски е загрижен заради односот на политичарите кон конструктивните дебати.

„Она што мене ме загрижува во последно време е тоа што за важните економски и политички прашања и надворешно политичката
Добиваме информации за една иста работа и од неколку страни, односно од неколку портпароли што сметам дека и не е така лошо
стратегија и односите со светот, апсолутно нема никакво соочување на интелектуалци со власта, или власта со опозицијата и тоа за Македонија е еден хендикеп на демократска практика и демократско искуство.“

Уредничката на информативна програма на Канал 5 Телевизија Лидија Богатинова е задоволна од транспарентноста на државниот врв.

„Добиваме информации за една иста работа и од неколку страни, односно од неколку портпароли што сметам дека и не е така лошо. Од друга страна исто така од претседателот иако се нови, млади луѓе кои што немаат се чини кој знае колкаво искуство во таа работа, се обидуваат што е можно подобро да ја вршат работата.“

Новинарката Биљана Секуловска смета дека во Македонија нема слобода на говор и политичарите одговараат селективно.
Загрижувачки е фактот што власта бојкотира, одбива да дава изјави, да комуницира, да биде учесник на дебати


„Загрижувачки е фактот што власта бојкотира, одбива да дава изјави, да комуницира, да биде учесник на дебати. Се работи само за одредени медиуми кои што всушност ја имаат улогата на опозициони.“

Вчера Вицепремиерот Зоран Ставревски одби да одговара на прашања поврзани со оставката на министерот Миле Јанакиевски.
Пред две недели Иванов одби да одговара на новинарски прашања и ги покани само уредниците на отворена емисија на 6-ти септември. Емисијата е одложена на неодредено заради бродската несреќа во Охрид.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG