Тука каде што музиката и ритамот се најдобри, а зборовите се прекрасни вие поканувате некој од Војводина да настапува. Јас тоа не го разбирам. Чест ми е и мене и на мојот оркестар и ги поздравувам луѓето во Куманово, но и сите жители на Македонија, им се обрати со широка насмевка, легендата на старогратската тамбурашка музика на просторите на некогашна Југославија, шармерот и неповторливиот интерпретатор, текстописец и музичар Звонко Богдан. Тој со неговиот оркестар „Седум тамбураши“ повеќе од два часа пееше и и се обраќаше на бројната публика од сите генерации од Куманово и од Скопје, која тивко го следеше во пеењето,а силно му аплаудираше на оние места на кои тоа е најприкладно.Затоа тој и комплиментираше дека му е чест што настапува пред театарска публика. Со публиката непосреден, секогаш насмеан,харизматичен и шармантен,Звонко Богдан со несекојдневна љубезност, за новинарите остана тешко достапен.За Радио Слободна Европа кусо изјави дека не знае оти веселбите во Куманово не поминуваат без песната „Кој те има,тој те нема“, но:
„Прво морам да ве поздравам и да ви честитам што така брзо и лесно ме уловивте.Мене ми е мило што луѓето ме поканија овдека, да бидам меѓу оние кои имаат најубава и најдобра музика и најповеќе ритам. Секако дека ми е чест и мене и на мојот оркестар.“
Кумановци имаа можност да му пријдат,да му пружат рака,нагласувајќи му дека е господин на естрадата,а тој топло и љубезно да им отпоздрави и да им се заблагодари. Музиката која ја носи во гените од неговите родители, боемштината од неговиот татко, овој вистински боем меѓу уметниците, кому многумина можат да му позавидат овен што го сака ритамот,го сака виното,жените,но негова пасија се коњите на кои им посветил песни.
„Немам ергела. Имам само два коња, оти да имав ергела немаше да настапувам овдека. Коњите се скапи, а човекот кој работи не може да има коњи.“
Рече Богдан. На сцената на Градскиот плоштад спроти симболот на кумановските боеми статуата на Батко Ѓорѓија, овој голем уметник, по однесувањето и како светска ѕвезда и безмалку во седмата деценија успешно се справува со славата. Заедно со публиката ги отпеа познатите песни „Тивка ноќ“,„Кој те има, тој те нема“,„Стариот фијакер“, но и „На Струга дуќан да имам“ и уште многу други без пауза. Свесен за своето однесување се пошегува дека неговиот оркестар со години го следи и тоа поуспешно отколку кумановското обезбедување. Тој и се поклони на фасционираната и импреисонираната публика која пред полноќ веднаш по легендата го напушти плоштадот, на кој се одржа Петтиот меѓународен Тамбурашки фестивал.