Достапни линкови

Каде ќе одмораат политичарите?


Собраниската сала
Собраниската сала

Политичарите го користат годишниот одмор. Охрид, Хрватска, Турција се само дел од дестинациите за кои тие говорат. Некои пак велат, на одмор нема да заминат поради работните обврски.

Ограничени како што најчесто велат од предвидениот термин за одмор, од службените обврски но и од економската криза, политичарите сепак ќе го искористат годишниот одмор. За пратениците годинава тој ќе заврши на 12 август и е цела недела покус од вообичаениот поради задоцнетото посветување на обврските кон Брисел чие исполнување се бара до септември. Пратеникот Александар Николовски ќе го скрати престојот во Охрид каде што мпостојано живее неговото семејство на сметка на одморот со пријателите во Хрватска.

,,Јас не сум од оние кои сакаат да се луксузираат и да уживаат во скапи аранжмани. Сметам дека смислата на одморот е да се видиш со пријатели, да се одмориш од секојдневните обврски. Хрватска е преубава, има преубави места да се видат на крајбрежјето."

За пратничката Роза Топузова-Каровска која се наоѓа дома во Прилеп е независно дали ќе успее да ги усогласи десетте работни дена одмор со одморот на останатите членови во семејството и со временските прилики за да може да помине неколку дена во Охрид.

,,Доколку успееме да се усогласиме, можеби една недела, каде што ни е најблиску, а секако дека најблиску, а најблиску е Охрид."

Потпретседателот на парламентот Рафиз Алити пред се поради паертиските обврски но и семејните годинава нема да замине на одмор.

,,Пред да влезам во политиката, секогаш сум одел на одмор. Но, откако влегов немам време за одмор."

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко како што вели ќе го прилагоди својот одмор како и терминот кога ќе го користи на специфичните потреби на градот и на општината и евентуално на кус одмор ќе замине на крајот од летото.

,,Па, овие што доаѓаат од печалба, печалбарите ќе речат еве сега најде да бега градоначалникот? Ако одам, сигурно на една недела до Драч ќе одам и ништо повеќе."

Економската криза влијаела да се рациионализаира одморот на семејството на струмичкиот градоначалник Зоран Заев кое се подготвувало оваа година да го надомести пропуштениот одмор минатото лето.

,,Имавме намера малку подалеку со сопругата и децата, но сепак поради економската состојба Турција е поблиску преку македонските агенции."
XS
SM
MD
LG